Ама, за негова несреќа, така еднаш, откако свирачите си заминаа, тој со клечките в раце се качи на црницата на Гелета Струмеников, и откако се најаде црници, се обиде да засвири и да запее, ама наместо тоа, падна и лошо си ја удри главата, почна да не знае што прави и да не разбира што му се вели.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)