Митра си ја чу пресудата. Озелене како мувлија и не можеше да најде збор да проговори, додека на Достиното лице се покажа црвенило до уши и длабока воздишка, и се симна еден голем товар од душата, но не испушти воодушевен извик.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тешко можеше да најде зборови со кои би го следел другарот Чапаев кој продолжи: - Јас, почитуван колега, ја разбирам вашата потрага по старите отомански записи кои не можеле да стигнат до цариградските централни архиви, поради нивното локално значење.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Фимка го гледа и не знае да најде збор за утеха.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не може да најде зборови за да јa скроти и ублажи неговата болка и страдање.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Аргир крена глава, го погледна, но не најде збор да му одговори.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Паскали не можеше да најде зборови, немаше коментар, упорно молчеше.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Заедно пеат: - Така зборот си најде збор, си направија договор, следниот чекор беше полесен, сам се јави третиот збор - С.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Не можеше да најде збор, да ја разувери.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја сместуваше својата постела во ќошкот и не можеше да најде збор за да им одговори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се мачеше да најде збор со кој ќе го искаже својот бес.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Чисти се, бандо, инаку... Не најде збор со кој би ја завршил мислата и страшно мрдна со црните мустаќи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Не можев да најдам збор... Ми се исуши грлото...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не може да се најдат зборови за да ја раскажат мајкината судбината, мајкината тишина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сполај ти, не можеше да најде збор, нешто го стегаше в грло.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Пак ја местам во санката бледата, растреперена Надењка, пак летаме во страшната пропаст, пак ветерот фучи и лизгалките на санката треперат, и пак, кога санката најбрзо и шумно лета, јас велам полугласно: – Ве љубам, Надењка!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ја гледам, се бори со себеси, како да сака нешто да каже, за нешто да праша, но не може да најде зборови, неудобно ѝ е, просто страшно, нешто ѝ ја мати радоста... – Знаете што? – вели таа, не гледајќи во мене... – Што? – прашувам јас.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)