Мразам што не можам да најдам решение и паѓам ко вол на искушение се мразам што некогаш се правам што не сум а повеќе се мразам што не знам ни кој сум
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Кога не можеше да најде решение, тогаш повторно ги вадеше сите книги редејќи ги по значењето што во моментот му беше најсоодветно.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа како искусна бабица може да најде решение за нејзиниот проблем.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој, Симон, во ракописов ѝ го нашол решението на Љуба, ја вратил кај децата, единственото можно и цврсто тло.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Таа имаше необична способност да го зграпчи проблемот или ситуацијата, да допре до нивната срцевина, за да најде решение или лек за нив.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сепак, за да се случуваат нештата како што треба, човекот нашол решение. Измислил штала.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Едно е сигурно, дека го најдов решението или рецептот за успех.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
По пожарот, урнатините на некогашното архитектонско чудо стојат со децении (газдите се селат во некој друг замок), сè додека во `89, со помош на National Trust, не е најдено решение. Градина!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Гледана од под сенките на липите, камената фасада на Clock House изгледа бледа, патинеста.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Ми се чини дека ќе најдеме решение...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Е тука се зезна, го знаеше тоа ... Знаеше дека не треба да го каже тоа, а секогаш го кажуваше, на крајот некако му се испушташе, можеби затоа што и тој потајно сакаше да се најде решение за тие луѓе, тој се надеваше дека ќе се најде решение барем за некој од нив, тоа „којзнае” беше негова лична надеж.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Таа идеа е можеби спасот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Треба да се најде решение. Нов предлог.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но тоа и не е толку за чудење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Како граѓанка на Европската заедница, признавам дека сум често збунета кога ги гледам нашите шефови на држави кога се состануваат за да најдат решение за проблемите на толку други нации.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тие не владеат вистински со внатрешната ситуација во нивните земји, каде што проблемите се полесни за решавање, а како можат да ги решаваат проблемите на другите нации?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тирана и пред тоа беше свесна дека и станавме камен обесен на врат и поита да побара од Москва да најди решение. И го најде.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)