Секој сам нека си ја најде смислата.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Мојот роднина го избришал Господ и така ја нашол смислата на создавањето од глина.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Арсо немаше сили да ги презре своите деветнаесет години за да помогне со своето жртвување да се најде смислата на вистинската среќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Како тоа да помага да се најде смисла во она што ја нема.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Всушност, и тогашната дипломатијата беше заложник на Титовиот ореол и требаше да се присоберат трошките преостанат југословенски идеал за да се најде смислата на невозможната мисија во одбраната на земјата, која беше однатре контаминирана од латентниот синдром на национализмот на побројните нации, распнати меѓу западниот (про австро-унгарскиот) и источниот (византиско-отомански) јаничаризам...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ками ќе рече дека не може во музеј да се најде смислата на надежта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зарем не е речено дека земјата вистински се открива кога ќе се загуби!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На времето кога некој ќе направеше некоја улавештија и кога сите ќе почнеа да го напаѓаат од сите страни, мајка ми, некако природно, ќе го земеше во заштита наведувајќи ја како олеснителна околност реченицата – сè во свое време: и улавештии, и умнештии.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Утринава, бричејќи се, два милиметри под кожа, ја најдов смислата на старата мајкина реченица.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)