Во Цариград се создал наполно независен од турската влада “Совет за државни долгови“ што имал за задача да најде средства за наплатување на кредитите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Инаку, вредно за спомнување е тоа дека уште пред тој да го покрене спорот, веќе не работеше во фирмата – бидејќи раководството на „Охис“, претходно му понуди околу 2.000 ЕУР отпремнина за тој да биде прогласен како технолошки вишок и „доброволно“ да го напушти работното место, но сепак не спомнаа ништо во врска со намирувањето на платите кои му ги должеа од порано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од каде ќе се најдат средства за нови учебници, кој ќе ги подготвува, од чии средства ќе се издржуваат училиштата со македонски јазик? – Очигледно, штом комитетите и македонската интелигенција во Бугарија ќе почнат да му се противат на новото течење, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно е оти од него нема да остане ништо: фантазиите на неколцина Македонци ќе бидат исмеани и повеќе ништо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ќе изумев да ви речам дека доколку се покаже прескапа работата врз изградбата на паралелните патеки за јагулите, Партијата ќе ја обврзе државата да се донесе закон Дирекцијата да најде средства за обезбедување на подмладокот со дотур на јагулчиња од водите на братските социјалистички земји.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Трошоците околу судскиот спор т.е. висината на судските такси не влијаеја одвраќачки при помислата дали тој да тужи, затоа што тогаш најде средства за да ги покрие овие издатоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)