И не се најде јунак коњот да го смири, да му ги скроти дивите му крила?!“
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Порано Бојан и не помислувал на тоа, но сега се сети дека дедо му понекогаш ќе го спомнеше тој трупец, ќе речеше дека пречи, зафаќа место, па подобро е да се извади надвор, па ако се најде јунак да го расцепи, ако не, нека изгние.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Баба во своите прикаски се обидуваше да наложи среќен крај односно да измисли сказна во која ќе се најде јунак од едната или другата страна на границата која ќе го убие змејот, ќе ја победи границата среде Езерото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Едноставно, целосно му се предадени на Севишниот и чекаат, прозевајќи се, да им влезе кукавица во устата, но и да се најде јунак што кукавицата ќе им ја извади и така до недоглед...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
На помладите, старите им ја прикажуваа границата во езерото како место каде што се крие повеќеглав змеј и дека не се нашол јунак кој ќе го совлада чудовиштето и ќе ги ослободи луѓето од стравот од границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)