најде (гл.) - вистински (прид.)

Чанга тие денови читаше книги за козите во светот, за да може да ѝ го најде вистинското место на домашната балканска коза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но не ја издаде таа наредба на јузбашијата и Рушида, ами замава со камшикот надесно за да му направат пат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така гледајќи ги, крвнички, тој бараше само едно: да ги најде вистинските бунтовници, иако сега сите му се гледаа кумити и бунтовници, та во својата врела глава си ги претставуваше и децата од две години како пораснале и станале кумити.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се радувала што синот, најпосле, ѝ ја исполнилнејзината најголема желба, а плачела при помислата дека, во тие времиња на војна, тој не ќе го најде вистинскиот пат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се работи за претставување и за претставителност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, не се работи тука само за проблемот како да се најдат вистинската категорија и вистинскиот речник за артикулирање на нашите перцепции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во повеќето случаи, немаме соодветни концепти и соодветен јазик за задачата да се опишат сексуалните и обродените значења што таквите предмети ги кодираат, што значи дека не можеме сосема да ги објасниме, на последователен и логичен начин, сопствените непосредни, честопати ревносни реакции кон одредени предмети врз основа на нивната сексуална и родова кодираност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто не можеме?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Брат ми веруваше дека Чарлс Дарвин му го нашол вистинското место на човекот - во животинското царство; тој тврдеше дека со Дарвин започнува вистинското сфаќање на човечкото суштество - како креација на природата настаната во преобразбата од еден животински облик во друг, а не Божја креација од прашина со вдахнат божји здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веруваше дека со разумот може да се стигне до разрешување на загатката на постоењето, од која дарвиновата теорија за потеклото на човекот беше само почеток – она што требаше да следува по откритието како настанал човекот, беше – што е човекот, што е она во него што го прави она што е.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека тој се плашеше дека ако остане, некое утро ќе се разбуди покрај неа и ќе сфати дека таа не е таа, и дека згрешил, и дека не успеал да ја најде вистинската љубов, таа мудро ја прочита пораката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Веќе три години веруваше дека успеал да ја најде вистинската формула за соживот, дека успеал да научи што значи меѓуетничка толеранција, а богами да ги научи и другите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го погледна последниот празен лист пред себе и длабоко воздивна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос – секогаш им велеше на сите, поттикнувајќи ги на љубов и на проштевање кон другите, сè со надеж дека така ќе ја најдат вистинската смисла на своето човечко постоење и дека ќе ја видат големината на Божјата сила наспроти слабоста на својата човечка природа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
ХРИСТОВ: (Прави обиди да го најде вистинскиот збор со кој да почне.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тактиката ѝ беше јасна како ден. Да го најде вистинскиот начин од неговите усни да извлече признание, барем еден излет што завршил во кревет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Конечно и таа ќе најде кочијаш кој ќе ѝ ги стегне дизгините. - помисли Никодин и прозборе - Значи конечно го најде вистинскиот кој го бараше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сето тоа, сѐ и сешто, требаше да си го најде вистинското место на рафтовите и креденците.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Токму тоа е што и тој го чувствува, а не може да му го најде вистинското име - воздух.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но своето вистинско чувство, таа внатрешна разбуричканост, тој не умее да го процени и да му го најде вистинското значење.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На некои од најблиските букинисти им остави неколку негови книги за детето од првото издание, со надеж дека ќе ги најдат вистинските читатели.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски не знаеше како да ѝ се заблагодари за одличната тава имам бајалди, не можеше да најде вистински зборови, сакаше во мигот да ѝ бакне рака на Мајка по втор пат дента, но виде дека тоа не оди, па мигум се откажа и ѝ рече воодушевено: Одлична Ви беше тавата имам бајалди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко се вдаде во деноноќно читање на книгите, како некогаш во неговото кадиско време, кога читаше многу книги, а често ги прелистуваше и големите свети книги, за да го најде вистинското и правично мислење, односно пресуда, дури со потврда од Бога.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Останувам немоќен да им помогнам на идните генерации, на моите чеда да го најдат вистинскиот пат во клетиот Балкан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако Татко со семејството се вгнездија во судбината крај реката, Татко беше постојано обземен од тврдината Кале, не престанувајќи од чардакот да го преселува погледот кон далечините кога беше најмногу замислен и не можеше да најде вистинско решение за мислите што го обземаа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие не губеа надеж дека нема да го најдат вистинскиот пат, излезот од нивниот Балканвавилон...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Арафат тие денови беше во целосен револуционерен залет и занес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Храброста е да се најде вистинската рамнотежа. ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа стариот Бургиба, кој му ја донесе независноста на Тунис, како фанатик на политиката чекор по чекор по мирен пат благодарение на својата стратегиска мудрост ја обезбеди првин автономијата, па потем неизоставната независност на својата земја, но и како признат мудрец во земјите на третиот свет, и покрај болеста и изнемоштеноста, ќе го најде вистинскиот мудар совет за својот забрзан гостин: Пријателе Арафат, да сум на ваше место, јас би ја искористил историската шанса за да ги кажам вистинските историски зборови пред преставниците од целиот свет!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев трогнат од вниманието.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не можев да ги најдам вистинските зборови на мојот одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секој телефонски повик, а тоа утро беа чести, ме наведуваше на помисла дека можеби е тој, дека сега го нашол вистинскиот повод по службена линија да ме информира или да ме праша за нешто што го загатна со името на Ема Ендековска. Попусто.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа остана во последната куќа на нашето семејство во егзил, со сега запустената врска со клучеви, од напуштените куќи крај морето и крај Езерото, но сѐ уште со пустата надеж дека некој, сепак, ќе им ги најде вистинските брави.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој беше среќен што најпосле на Балканот го најде вистинскиот човек на кого можеше да му ја каже сета вистина и да го разбере подобро од кој било друг, да го храбри во истрајувањето, воден од химерични идеи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ќе го најде вистинскиот пат помеѓу императивите на прогресот и вечните закони на природата...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше јасно за Татко: побратимот имаше голема, скрита тајна во душата, која постојано се зголемуваше, а не можеше да го најде вистинскиот излез.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Човек што се однесува како пес се надева дека ќе го избегне големиот Друг и дека ќе го најде вистинското уживање, загубената анималност на човечката природа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Пред извесно време нарачав полици, добив две провансалски прекривки.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Би сакала уште еднаш силно да ви речам колку многу посакувам да го најдете вистинскиот спокој...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој добро знаеше дека покрај научените јазици на Балканот, како штитови со кои и мајка со нивното знаење го одбрануваа семејството во времиња на војни и дека најтежок да се совлада беше јазикот на тишината, кој има своја посложена синтакса од јазиците на зборовите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мајка ми и при најтешките судири со животот, при губењето на своите синови, не исрушташе солза, не покажувајќи ја својата душа, сместувајќи ја во повисоки сфери.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко ми како вистински балкански алхемичар од посебен ков, се срушташе длабоко во ноќта за да ги најде вистинските зборови обвиткани во рувото на тишината со кои требаше да им се противстави на зборовите, небаре излезени од барабани, во тие тешки времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сеѕt pourquoi, si elle devait intervenir nouveau dans les Balkans, ce qui signifierait sans doute que les Etats-Unis interviendraient aussi, il est probable quunе fois de plus, il nеn sortirait rien de trѕ bon pour personne, ni pour les Albanais, ni pour les Mасdоniеnѕ. Peut-on faire comprendre cela des cervelles сhаuffеѕ? Si les Frаnаiѕ ont des рrоссuраtiоnѕ trop diffrеntеѕ pour trе vraiment sensibles votre ехрriеnсе balkanique, јеѕрrе que vos compatriotes, qui sont directement соnсеrnѕ se montrent de plus en plus rсерtifѕ vos livres, mais aussi ces articles que vous mаvеz dit avoir сritѕ en albanais et en mасdоniеn. Puis-je vous dire combien je souhaite que vous trouviez la ѕrnit? Hlnе Lejbowicz 1 јуни 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
(Пауза. Станува Доаѓа до излезната врата. Вади врзоп клучеви. Не може да го најде вистинскиот. Ги фрла клучевите. Само што не заплакал.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се поставуваа многу прашања на кои не може лесно да им се најде вистинскиот одговор.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И да сакам да ти раскажувам, нема да ми успее да ги најдам вистинските зборови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)