Се сеќаваше на оваа спасена човечка протоплазма, на сржниот дел на еден народ, што овде околу Цариград и медитеранските острови ќе го најде дефинитивниот спас, предавајќи се на големата егзилска судбина.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Пораката што се наложуваше од овој предел на екстазата на природата низ водите, од каде што извираше духовноста беше јасна: требаше да се следи неизвесниот пат на јагулите, да се надоврзам на татковиот пат, да се трага по причините и смислата на неговите големи балкански илузии, да најде дефинитивен и спасоносен излез од Балканот за семејството.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)