Авторот се најде збунет зашто сега, како што збучувањето на моторите, гласно изговорените зборови и повремените сирени зачестуваа во длабочината на дебелиот, густ и гнасен облак, она што го слушаше стануваше сè помалу јасно, понерасебетливо, се спојуваше така што почна да заличува на татнеж што го поткопува тешкиот облак под којшто беспомошно лежеше градот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)