- Значи јас сум долго очекуваната слугинка која недостасуваше во домот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Што е она што всушност недостасува во оваа културна средина за да може со право да се зборува за една структурирана ликовна сцена, а тоа да не звучи претенциозно, „нашминкано” според нашите идеализирани претстави за себе?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Подоцна знаеле: на Онисифоровците како и на другите им недостасувале во бедните ноќи жени со бедра слични на полна месечина, или само така мислеле, жени покорни да станат облик според обликот на врелата машка жед.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеле да се зграпчат, секој со крвави прсти да му ги копа очите на другиот, а некои од другите подоцна кажувале дека и едниот и другиот Онисифор го сонувале пред тоа покојникот Дмитар-Пејко, жив и со живи прикаски на танките усни за она што ќе се случи, навистина за она што се случило подоцна на патот од Кукулино кон нигде и на пат од тоа нигде кон селото со седумдесет и шест куќи, најубавите од камен врзуван со вар, повеќето накривени, плитарски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Леон пак кај неа ги сакаше токму нејзината склоност кон фантазирања што толку недостасуваше во неговото семејство, светло-русата коса, правилниот мал нос, нејзиниот среден германски изглед. И нејзиното тело.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но нешто ми недостасуваше во мојот живот па и покрај блиските роднини и многуте приатели, се чувствував некако не комплетна...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Колку многу ми недостасуваат во Пасажот железните мрежести ролетни спуштени сѐ до бетонот! ми шепоти сега привидот на познат женски глас.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Си мислев често, кога ќе пораснам голема нема да дозволам што било да ѝ недостасува во сите години што доаѓаат...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)