Буквата а во epargne е променета во е во зборот epergne, така што а недостасува и во зборот red, наместо read, и во зборот epergne, наместо epargne.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сето тоа го знаеше, и сепак, звуците ја имаа таа сила да ја раздвижат крвта на осаменикот со пријатна илузија за она што најмногу не му недостасува и за што страдањето вака тешко се поднесува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Да се обидеме да ја дешифрираме во светлината на тој настан: act (чин) може да биде заменет со зборот песна, на истиот начин на кој Гете во „Фауст“ збор го замени со чин; во библиската реченица „во почетокот беше збор“ (песна); во почетокот беше чин; red (црвено) е замена за хомонимот read (читање); ter or треба да се прочита како тенор; epergne може да стои наместо epargne (фр. да се сочува).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кога ќе се гледаше во тоа лице, секогаш се имаше некаков впечаток како на него да недостасува нешто, некој свиок на некоја брчка или некаква длабочина, или можеби некаква цврстина, што би го собрала него во една целина, која што продолжува упорно да недостасува и колку да се мачеше човек да ја бара на тоа лице, загледан во него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)