На устата му останаа поткасани зборовите, што немаше кому да му ги каже: Јас отидов. Навистина отидов јас...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Еве, ако, од една страна, меѓу присутните нема некој убав, собирот го губи целиот еротски интерес.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се сведува на чајанка, средба на „сестринството“,229 на чисто блиска собиранка на истомисленици, кои нема што да си докажуваат едни на други и кои нема кому да му се прават буч.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Фрежис, 5 марt 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Немав кому да му ги носам своите текстови за мирно просудување, за моја заштита, немав кому да му носам книги за потцртување со молив на најзначајните места, на страниците со пепел и потоа за разговор во врска со нив, немав кому да му се восхитувам за мирната храброст, моќ и трпеливост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Од друга страна пак – немаше кому да му се поплаче, ни кому да му се налути. Му остануваше самиот да си мисли на себе.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Невиноста беше идеал заради мажот: оние девојки кои остануваа немажени, стануваа предмет на потсмев, а невиноста, идеалот на векот, се претвораше во срамен остаток, како да е некаков неприроден израсток, затоа што немаше кому да биде принесена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Такво беше нашето време, времето во кое израснавме, а Сара, Клара и јас знаевме многу повеќе од повеќето наши врснички – понекогаш ѕирнувавме во некои од медицинските книги на таткото на Сара, понекогаш ќе наслушневме нешто во салонот на Берта, понекогаш Клара ни пренесуваше нешто што ќе дознаеше од Густав, или од жените на кои им помагаше да се снајдат во животните невољи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Е, гледаш, јас пак сакам да раскажувам, а немам кому.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Едно е арно дека нема кому да му потураш, кому да му миеш нозе и да му гувееш кога ќе вечера, а трипати е полошо оти нема кој да се опсени околу тебе, да ти покаже, да те поучи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)