По атентатите, тој бил уапсен и задржан во затвор повеќе месеци, иако немал абер за дејноста на гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
А за работа, и сам да спечали нешто, нема абер.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Знаеш, татко му од кога отиде во Јужна Америка, еве пет години време стана, нема абер жив ли е, здрав ли е.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Аман, бре стрико Марко! Их, ама сте ја стегнале, сте се залепиле до земја!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
До овој ден сè си одеше добро, макар што немаше абер, ниту од Партијата, ниту од власта за неговата работа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А, тоа е да се протераат од театарските институции за чија национална припадност немаат абер.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Кога во студентски дом или некое станче ќе нагрнат гости од секаде а е крај на месецот и од дома немаат абер да испратат пликче со пари тогаш на сцената стапува степчето.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)