Сѐ што сакав да кажам е дека на терапијата може да се гледа како на разговор, односно, некои луѓе во текот на говорењето си даваат еден на друг збор.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Нема намокрени постели, нема гласови без луѓе, нема депресии.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во црквата немаше глас, само аскетска монашка тишина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Можеби испуштив некој шум од себе колку да се познава дека сум тука, но не можев да зборувам. Немав глас.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Езерото долу црно и скочането. Сакам да повикам, но немам глас, а сѐ е далеку.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
— Некој мора да чуе, нема глас што се загубил.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само, тој немаше глас. Гласот беше далеку.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Перса нема глас да ја храбри, туку само ѝ ја мазни црната коса и повторува со одвај чуен глас Господи! Господи! Господи!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Пак чукам, еднаш, двапати, трипати, по силно и посилно и нема глас.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Лебот и сирењето ми паднаа од раце, в грло нешто ме стегна, некакви искри ми прелетаа пред очи, се стресов и сакав да заплачам, ама немав солзи, сакав да викнам, ама немав глас, сакав некаде да избегам, ама немав сили...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Немаше дете. Немаше глас, немаше смеа, немаше радост.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во сите тие гласови го немаше гласот на Клара Климт, во криковите на тие ноќи кои се прелеваа едни во други и се нижеа во години, во моите обиди да ги чујам нејзините ноќи, Клара остануваше нема, Клара копнееше по тишина, Клара сакаше само едно малечко парче од овој свет во кој би можела безбедно да ја свие главата и да преноќи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја слушав во тие ноќи Клара како забрзано дише, како плаче, ја слушав како се моли иако не знае кому да ја упати молитвата затоа што од Бог се откажала одамна, откако тој се откажал од неа, ја слушав Клара како ја прекинува молбата, и како престанува со плачењето, ги шмркнува мрсулите и се издишува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Наслушнував, немаше гласови. Долго време седев а се слушаа само истрели од далеку, а никој не дојде торбите да ги земе.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Командирот и заменикот на првата чета ги оставија раниците, па сметав дека бездруго ќе се вратат. Тоа беа нечисти раници и празни.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Постполитичкото информатичко општество коешто денес го развиваме, не функционира по принципите на покорување и конформирање со догмата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа е засновано врз индивидуалното мислење, научните сознанија, брзата размена на факти во мрежа на повратна спрега, развиена висока технологија, практична фронтална креативност.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Младите немаат моќ, немаат глас, немаат избор.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)