Не дека зборот “писмо” престанува да го означува означителот на означителот; тоа во една чудна светлина покажува дека “означителот на означителот” престанува да го дефинира акциденталното удвојување и секундарноста лишена од нејзините права.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа мора да го стори ова не само поради тоа што сето она кое желбата сакаше да го оттргне од говорната игра одново се враќа во неа, туку и поради тоа што истовремено, и самиот говор се наоѓа загрозен во својот живот, изгубен, отсечен, поради тоа што повеќе нема граници, препуштен на сопствената конечност во истиот миг во кој изгледаше дека неговите граници се бришат, во истиот миг во кој престанува да биде сигурен во себе, опфатен и ограден од страна на бесконечното означено, кое изгледаше дека го надминува. 50 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во овој нов вид комуникација нема граници.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Откако австриските цариници речиси му го испарталија пасошот гледајќи ја визата, обидувајќи се гласно и точно да му го изговорат името, и речиси половина час проверуваа нешто пред со широка насмевка да му го вратат и да му посакаат добар пат, повеќе немаше граници.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Милан беше многу млад... но во него смелоста соперничеше со младоста, а ентузијазмот му немаше граници...“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Бојан често знаеше така, возбуден од некоја ненадејна, необична случка, да заплива со мислите во некој друг свет кој немаше граници ни во минатото, ни во иднината, свет што не се потпираше врз ништо цврсто, врз ништо познато.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Без размислување ми одговори: Помеѓу сонот и она што не е сон понекогаш нема граница. Го знаеш тоа и самиот – господар си на соништата.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Сепак не сум волшебник. Секој што сонува е волшебник.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Знаел дека го слушаат - сега е тој најмудриот, во него, заедно со желбата и самиот да е голем, расне самочувство што нема граница на траење: жолтицата пушта во луѓето жилички, им го копа дробот, пие крв, лока и сплинка и пуздра.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Црниот Пандил матно објаснил дека има жолтици што одат од човек на човек како летна, онаа упорна и добиточна мува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Српскиот диктатор во тој период, во апотеозата на безумјето, му предлагаше на тогашниот грчки премиер Мицотакис, помеѓу Србија и Грција, да нема граници, односно да се подели Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се обидував да им го раскажам Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога ќе нема граници на Балканот и во Европа!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе сме се ослободеле од проклетството само кога ќе немало граници помеѓу нас самите како народ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тој е во една посебна состојба на духот во која веќе нема граница меѓу реалноста, миговната, и онаа реалност што сака да ја претвора во фикција.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сега одеднаш нема граници за неговата хиперсензибилност, кога треба да се наслушне и најсуптилниот трепет на националната душа, сега тој е решителен и храбар кога стотици илјади луѓе треба да се подигнат од нивните огништа и подалекувид е од сите кога на тој народ треба да му се покаже некаков пат, исто онака како што е како вистински стоик мирен и сталожен кога истиот тој народ го здогледува струполен во провалија.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Можеби тој исто така би ги ослободил литературните зналци од конструирања на именувања со цел да се слуша и мисли, не во смисла само на еден или друг јазик туку во онаа сива зона која сѐ уште нема граници, која е одвај видлива, која нема име и не е. превод: Жарко Трајаноски извор: Translation Studies 80 Margina #10 [1995] | okno.mk ЛОКАЛНА okno.mk | Margina #10 [1995] СЦЕНА 81 Повторно, истата состојба.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Интимно сакаше синовите да се занимаваат со политика, колку таа да не се занимава со нив. Но за тоа немаше мера, немаше граница. Па ја напушти и ова идеја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За добрината, нема граници. Таа е без брегови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)