Да немаш доверба спрема оној што те храни, што ти дава ќош и рогозина и веленце за да се стоплиш, ти подава вода, нозете ти ги мие и го дели лебот и солта со тебе!?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Не е проблемот во џиповите. Проблем е што народот не оди секоја недела на литургија - му возврати свештеникот. - Па како да оди кога нема доверба.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Винстон го знаеше тоа, се разбира. Тој се насмевна, се надеваше, со разбирање, немајќи доверба во себе за да проговори.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Татко ми од Мелбурн, додека беше уште жив, како што се бевме договориле, ми испрати една сума пари во бренчот на Сити банк во овој град (во нашите банки во тие години немавме доверба откога милионски суми на штедачите им пропаднаа) и јас, бидејќи веќе планирав да патувам во Измир, реков дека и така ќе поминам во Истанбул и ќе ги земам парите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа се согледува, особено во земјите каде луѓето немаат доверба во политичарите, то ест нивното говорење е девалвирано.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сметаш дека немаме доверба во тебе.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Зошто тие?“ „Се бунат“, чу. „Немаат доверба во нас.“ Мина со поглед по колоната.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ми рече дека нема доверба.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Државата нема доверба во тие луѓе, иако на нивните деца им се доверени пушки, митралези, топови, иако тие се борат во првите редови на фронтот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Снимателот немаше доверба во својот асистент да му ги даде инструментите што си ги задржа на вратот како амајлија, иако во штабната барака не го очекуваше некоја неизвесна судбина освен да пие ладно кафе, да трга цигара по цигара и одвај да чека да му понудат од шишето што се криеше во бирото.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ништо, ништо... Тоа е затоа што немаш доверба во себе...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Тешко ми е да речам - лажеше. Зборот е тежок. Наше дете е... Наше дете е...“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Нема доверба во нас. Затоа не ја кажал вистината.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Љ Н, како оштетено лице, повеќе пати се обидуваше да стапи во контакт со одделението за сметководство, меѓутоа од ова одделение свесно одбиваа да му ја кажат точната сума пари која му ја должат, како и други општи информации во врска со неисплатените плати и придонеси – кои, во нормални услови, требаше да бидат транспарентни и лесно достапни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тој, по завршувањето на овие два спора, има добиени уште други два – кои, со оглед на расположливиот простор само ќе ги споменеме: а) за неисплатени испратнини и б) за направен долг по основ на немање здравствени сини картони. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По новонастанатата ситуација која дојде неочекувано и со малициозна тенденција да му се напакости по секоја цена, Авдиќ се почувствува изманипулирано и оштетено и, за подготовка на тужба за иницирање судски спор, директно се обраќа кај адвокат од Скопје (А. Ребула) – затоа што немаше доверба во раководството на својот матичен синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, по ова, во септември 1999 Авдиќ добива отказ без отказен рок против кој благовремено поднесува писмен приговор до УО на претпријатието4 – и којшто, во ноември 1999, му е одбиен како неоснован, без тој воопшто да биде известен и повикан на седницата на УО за да ја изложи својата одбрана!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По ова Љ. Н. не се обрати до Трудовата инспекција затоа што немаше доверба во овој орган и за кој, како што вели, „знае за многу проблеми, а буквално ништо не презема“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Орхан Авдиќ, и покрај добиените судски спорови против својот бивш и осветољубив работодавач, вели дека не би тужел повторно доколку му биде повредено некое работничко право – поради тоа што воопшто нема доверба во македонскиот судски систем и во синдикатот за кои, се чини сосем оправдано, смета дека се целосно партизирани!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Зарем може да има сопствено мислење кај луѓето кои немаат доверба меѓу раководството?!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- “Сопствено” мислење!...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)