Јас знам, се разбира, дека минатото е фалсификувано, но никогаш нема да можам да докажам, нема докази.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ханка немаше доказ за тоа и не сакаше да разговара околу тоа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Можеби авторите и го напишале ова во иронична смисла, но за тоа нема докази.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Се носеле гласови дека во деновите на репресалиите биле убиени повеќе од 300 луѓе, но, според Ди Ривел, немало докази за тоа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Како ќе објасниме зошто геј- или протогеј-субјектите ја усвојуваат културната практика на машката хомосексуалност кога сѐ уште се деца и зошто некои хетеросексуални субјекти, кои подоцна ќе откријат во себе длабока склоност кон машката геј-култура, некогаш се чувствуваат силно и непогрешливо привлечени од нејзините културни облици уште од рана возраст, без да бидат свесни за таквата привлеченост, односно барем не опишана така?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Понатаму, каква смисла има да се зборува за култура без да се упатува на процесите на социјализација и артикулација?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или, попрво, како може да има култура на машката хомосексуалност ако нема докази или дури и можност за постоење на процес на примарна социјализација, на оној вид социјализација што се одвива во најраното детство?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Самото поимање на културата, особено во неговата класична, антрополошка формулација од деветнаесеттиот век, претпоставува средишна, дури и основоположничка улога на јазикот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Стварноста е разрока ама сепак се менува откако баш од стварноста ќе научиме дека невините немаат докази и дека дебелогазите многу рчат и ноќум им се одмаздуваат на нашите соништа.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)