нема (гл.) - душа (имн.)

Или немаш душа, немаш ништо вредно.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Таа, во еден миг, сакаше да го прекине, но немаше душа за тоа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Еве што останува по смртта на еден човек со нормална тежина: 0,150 кг. содиум нитрат 0,255 кг. стронциум 0,800 кг. магнезиум 4,650 кг. калциум карбонат 21,375 кг. калциум фосфат 21,375 кг. колагенски влакна Или вкупно – 43, 430 кг. И ништо повеќе. И ништо помалку. Нема душа! Нема душа! Нема душа!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Другпат, се сеќавав, кога доби Мајка една од честите телеграми – некролози со абер за смртта на нејзиниот брат од другата страна на границата – ѕид, болно рече: - Тие немаат душа!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во тоа време другото тело нема душа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не плаши се, побратиме. Уште малку остана.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Знае дека сум болен... Нема душа... (Кашла). Викни му, Зафире, покроце нека чука.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Нема ни да се обиде да го сокрие пред неа својот потсмев. тој немаше душа, Марија, ќе ѝ рече. Имаше, ќе го пресече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Немаме душа за уште, сета ни е во носот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Кажи нешто, вели Жења, зар толку немаш душа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вие немате душа ни да прднете, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку... гледа господ и секому ќе му даде според неговите дела. – He пцалај, прчу не пцалај... има душа, нема душа во нас.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога се вратив дома, што ќе видам? Детето немало душа, викало – мамо, мамо и уплашено во темницата, го најдов како кученце да лае – ав, ав, и очите му беа искокнати и до сабајлето, синко, си умре.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тогаш таа болно рече: – Тие немаат душа... – Немаат душа... – повторив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)