Трчаше како да лебди, како да не гази на земјата, како крилја да има, како ветерот да го носи: ги прескокнуваше ендеците, меѓите, младото жито како да не го газеше, а само го допираше со стапалата, трчаше низ нивјето и ливадите одбирајќи го најкусиот пат, и кога стаса до неа, немаше здив и сила - и се испружи крај неа: легна на плеќи збивтајќи и дишејќи лакомо; и таа започна да дише забрзано исплашена од неговото ненадејно истрчување од пченките.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Судбината толку многу му се забрзуваше што мислеше дека ќе нема здив за да фати чекор со неа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Го земам весникот и трчам кај луѓево, немам здив за повеќе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)