И само збираш зер во срцето, го полниш. Веќе не знаеме кога се пости, кога - мрсници, оти мрсно нема и за болаче. Доилките немаат млеко и ги одбиваат децата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Другата доминантна тема–идеја во романот, која произлегува од претходната, е, всушност, самиот феномен на козите што се наложува и од еден антрополошки аспект при што авторот, натаму, низ својата сугестивна моќ, а никогаш експлицитно, и соочува со релацијата на човечките законитости кон светот на реалниот живот, што значи дека без кози, ќе нема млеко, ќе има недостиг на храна, ќе настапи глад итн.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мајка му, често, кога ќе немаше млеко, го носеше по млади доилки во селото да цица, а некогаш го ставаше и под коза да цица за да му јакнат бузите и непцата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Зимно време во колибата немаше млеко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Овците почнуваа да ги молзат дури на пролет, а кравите во ова време, обично пред телење, немаа млеко, па сувиот леб обично се јадеше потпечен или издробен, па со малку масло, малку сирење низ него, се пржеше на огнот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)