Птицата на младоста сепак немала нокти да се одбрани од ноќта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со возбуда ја кренал главата чувствувајќи ги ударите на срцето во сите свои жили.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стапалата и ги завитка со влажната крпа, се забради со црната шамија и тогаш забележа дека на големите прсти од нозете Циљка нема нокти.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А притоа знаев, или бев со впечаток дека неговите прсти на рацете немаат нокти.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Всушност можеби само за да ме збуни а можеби и да ме исплаши повеќе пати ми имаше спомнато дека во текот на последната војна, службите на окупаторот, слични на неговата служба, ја практикувале специјалноста да им ги корнат ноктите на затворениците кои ќе се определиле за молчењето како начин на однесување при испитувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)