Некои паѓаат од коњите, други ги дигаат и сами пијани, но благодарејќи на убавото суво и топло време, немаше опасност ни од кал ни од простуда.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Аскерот се стаписа надолу и сега немаше опасност од врзувањето на обрачот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Кој ќе бидат оние браќа што маваат од чукана? — се запрашаа војводите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вратете се во земјанките. Нема опасност. Смирете се!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Чекореше бавно под благото сонце низ една нечиста улица кон продавницата на г. Черингтон, внимавајќи постојано да не наиде на патрола, но истовремено ирационално убеден дека ова попладне нема опасност да биде вознемирен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Знаеше дека нема опасност, дека никој нема да се заинтересира за нив.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Всушност, за невротичниот пациент постои опасност таму каде што нема опасност за оној што својата сексуалност ја развива во граници на објектните релации.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И знаевте, сѐ додека велеше прекрасно немаше опасност да биде цитиран, а сепак доволно разбирлив за оние кои умееја да го слушаат.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Значи, воздухот сигурно струи до скривалиштето, па спрема тоа, нема опасност Чанга и козите да се задушат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но нема опасност... крај многу вакви вулкани што чадат живеат луѓе во светот. Треба да се свикне...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)