Но, за да се дојде до пристапите на станицата, не само што многу се пешачи и се крстосуваат безбројни галерии, туку се случува да помислиш дека си се загубил во овој испреплетен лавиринт од галерии и ходници, кои се без крај и кои немаат почеток, односно ниту влез ниту излез.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Како да немаше почеток.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Прикаските како две нишки се плеткаат меѓусебно, од нив или крај нив се протега трета, нема почеток и нема крај, не и се знае предилката со можно име судбина или човечка потреба за измислување. тоа име може да биде и претпоставка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Нема почеток, нема крај. Сѐ останува некаде во средина.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)