Секогаш на нив гледа потценувачки и за нивните маки нема разбирање Вели: - Јас:признавам само херојство.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Откако ја усвоивме Searle-вата интуиција дека самиот процесор нема разбирање, тогаш треба да заклучиме дека компјутерот кој извршува програм е машина различна од оголениот хардвер.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Во тие часови немаше разбирање за Ивана и не беше таков каков што мислеше дека е.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Луѓето отапуваа и немаа разбирање за ништо. Природата ги опоменуваше, нејзината закана висеше над нив.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А „културните“ будали што нѐ доведоа до таму и понатаму го опседнуваат бедното министерство и се жалат на суровите времиња кои немаат разбирање за нивната ступидна „култура“.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ако ви речам дека Роланд, последната љубов на мојот живот, но секако не и првата (а сега се прашувате од каде, пак, сум сигурна дека е последна) беше едно толку благородно човечко суштество, што целата своја љубов ја даваше на други и ништо не остануваше за него, дури дотолку немаше разбирање за себе и за своите потреби што не можеше да види во што се претвори на крајот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Сликарот се лутеше што татко му нема разбирање за тоа, но Столпника го засака толку што постојано идеше или го викаше дома да му помогне, да го упати во сликањето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ова се разбира беше исклучителна ситуација, за која, се разбира шифрантот Петар Иваз би немал разбирање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А јас, пак, немам разбирање за тие, кои дејствуваа во беззаконие и ноќе, арамиски нѐ собраа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Немам разбирање за тие, кои сѐ уште не го скршија од усните печатот на молкот и јавно и отворено не признаа и не покажаа со прст на виновникот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Немам разбирање за нивната самобендисаност и нема да го имам...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Немам разбирање за сите, кои ја искористија нашата младост и храброст, нашиот елан, јунаштво и верба...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Мислител кој нема разбирање за баналниот антагонизам меѓу “лудиот” и “разумниот” (Крлежа), бидејќи за него токму разумот е оној којшто е доволно луд расцепот да го држи отворен, “да гледа во лицето на негативното и останува на него”, и бидејќи за Хегел вистинскиот живот на духот е можен само во една “апсолутна расцепеност” (Zerrissenheit).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Нема љубов, нема разбирање.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Рече: „Знаеш, старите немаат разбирање за ова што им се случува на денешниве млади“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Мислиш, мајка ти нема разбирање за нашето разидување?“, праша таа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ќе признаам, многу се изненадив кога уште при првата средба со почитуваниот Никола Леко открив дека тој нема разбирање за моите постапки а таква судбина имаа и аргументите кои требаше да го оправдаат моето однесување откако прифатив своеволно едно од ропствата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)