А дека било вистина тоа на што се помислуваа тогаш Христијаните на Потковицата, дека некои од нивните му го „пресретнале“ патот на Хаџи Ташку, се дозна многу подоцна, во времето кога се востанови егзархијата па грчките попови повеќе немаа смелост да се мешаат во работите на Потковицата. И пак оттаму, од тевтерот Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој е еден од оние луѓе, што немајќи смелост да се доверува, нема смелост ни да ги гледа направо туѓите судбини.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тоа му пречеше но тој немаше смелост да ја дигне раката и да се избрише.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Затоа брзаше да ѝ го напише тоа што немаше смелост да и го каже: Имав можност да абортирам, да ја исфрлам гнасобијата од мене.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И на тоа никој немал смелост да реагира.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Така ибн Тајко немаше смелост да му признае дека не знае ни да чита, ни да пишува.
(Бела пауза)
Марин Крусиќ дојде пак кога заладуваше и кога честите бури на езерото го задржуваа дома синот на Тајкота.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тие ги испраќаа со жален поглед се’ додека не исчезнеа зад првиот завој, но немаа смелост да се испречат пред некој од нив за да го помолат шоферот да ги качи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Немаше смелост да му излезе пред очи на мајсторот а камоли да се врати во домот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Се спушти главачки по таа удолница, како да се откачил од нешто, што дотогаш го држело врзан, ја спрашти меѓу сеништата на белите дрвја, блед и поткасан сам и совладан, и сега се тркалаше по таа удолница, немајќи смелост ни да се обѕрне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Заминуваше, носејќи ја својата збигорена улетнатост во градите, сега веќе постојано свесен за сите оние стреловити препречувања на неговиот пат, во кој дивината сепак ниеднаш немаше смелост да му излезе пред погледот на чист дофат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оставија само расфрлани книги по подот, оставија неколку откорнати штици, под кои не пронајдоа ништо, ја оставија вратата отворена; вратата чкрташе како ѓаволот сето време потоа, а онаа стара жена, стопанката на куќата, што живееше во собата веднаш спроти онаа отворената, неколку дена немаше смелост ни да ја затвори и по цели денови одеше изврзана со крпа преку ушите за да не ја слуша како чкрта и при најлесно ветре.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Набргу можеше да биде сигурен дека тука ќе се исполни и она, што го прижелкуваше сето време скриено во себе, но што немаше смелост да го оформи во желба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Шоферот! Тој немаше смелост... смелост да ме изгази!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Бакнежот ме запече. Посакав да извикам: - Се лажеш, мамо!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Знаел каде се резервните клучеви. Посакал да се возат. Џеронимо божем знаел да вози.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Миев заби и се туширав, за да не сетиш дека сум пушел.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
А тој дошол дома со некоеси детиште, со некој си Џеронимо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Но, немав смелост да ѝ ја кажам вистината.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Никој немаше смелост нешто да прозбори.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Влатко немаше смелост да ја погледне Теми, зашто таа сигурно би го одгатнала тој трепет скриен во неговата душа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)