А токму по тоа време — околу полноќ — на Коста Тучков му се испушти капсалијата, пукна пустињата во сред таа нема тишина и ја издаде целата работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во нашата соба скоро никогаш немаше тишина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од собата над нашата се слушаа чекорите на Ханс и Јохан – едниот чекореше бавно и тешко, другиот брзо и отсечно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од силниот писок и острата и тажна мелодија сите во одајата занемеа, се замајаа и просто се изгубија, а во таа нема тишина сите прозорци распрскаа од тврди предмети однадвор.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
— Треба да се баеги собрани, — му прогвори Арслан на Сефедича и пак го опомена на своите задолженија и обврски кон падишахот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)