Ќе нема уметност, ќе нема литература, наука.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Макетонецот дефинитивно нема уметност, освен во некоја рудиментарна форма, никулчиња овде- онде ко атрофирани клиториси и курни отфикароци...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Од друга страна:
озонскиот ѕид е пробиен
пролетта без пролет
од студ не се чувствува
должината на денот
оваа 1991 година
ни една ноќ без војна
и сѐ така:
сликите без перспектива
од којашто би изгледале
стварите нестварно
обичниот свет необично
без контекст во којшто би прозбориле
без светлост со којашто би нѐ магепсале
а нема уметност, нели (!)
агол на гледање ако нема
ако нема прекумерност
особеност
ако не шушне духот
ако не се поместат границите
видливото;
јазикот нагрден
сетилото за говор закржлавено
граматиката без усет за ред
ој додо додо ле
„со цел уривање на системот“
„во името на слободата“
„прашање на стилот“
„во претходниот ден“
„голем број на бегалците
на исчезнатите...“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Втората свеска од Дневникот, голем формат, од околу 200 страници, нападно озаглавена со црн туш како Без преживување нема уметност со распон на дати од почетокот на јануари 1951 па до средината на осмиот месец во 1953, ја одразува големата борба љубопитното дете да се осознае себе, да го совлада она што му го одзела војната, а во исто време да импрегнира толку многу настани, приказни, судбини што постепено ќе почнат да се преточуваат и во поинакви форми.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во истото време кога можела да настане оваа Фоглерова (фиктивна) историја на германската литература, Станислав Винавер запишал: „Ние немаме уметност туку наша уметност”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)