Освен доколку, се разбира, не станува збор за последен бакнеж, за бакнеж со кој се простуваме од сите бакнежи, во кој случај (барем овој човек) треба да биде бакнат не само како тој самиот in propria persona туку и како сите и секој од неговите среќни овоплотувања, вистински и исфантазирани, во секое расположение/начин/место/време, сѐ до крајот на љубовта и здивот и јазикот и зад тоа, до крајот на оваа приказна и сите приказни, до крајот на ова договорено продолжение и неговиот придружен услов - „Нема услови.“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Заверена фотокопија од пријавата му се врачува на работникот, во рок од три дена од денот на стапувањето на работа...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Прекувремената работа може да трае најмногу 285 осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно – освен за работите кои, поради специфичниот процес на работа, не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но при операцијата останаа во чудо: ѝ го најдоа во неа и оној поранешен плод - зачнат вон материцата и немајќи услови да се храни, кога достигнал одредена големина, угинал.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Човекот кој е секогаш во конфликт со околината, нема услови за убав живот: тој е полн со отпор, омраза, напнатост.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Работникот не може да стапи на работа пред да се склучи договор за вработување и пред работодавачот да го пријави во задолжително социјално осигурување! (чл. 13, ст.1-3 и ст.7 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)