Тој од таму вели, нема наша, туѓинка ако сака.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Во моментов ми се чини непримерено жалењето дека луѓето како Walter, Klemperer, Reinhardt итн. мораат да се откажат од своите концерти, дотолку повеќе што многумина вистински германски уметници во текот на изминатите 14 години беа осудени на молчење, така што случувањата, кои последниве неколку недели го немаат нашето одобрение, се само природна реакција на тој факт.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во тоа време немало наш човек да не крие барем шисане ако не и берданка или матинка, како што се викаа тогашните пушки.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Тивко изусти: - А зарем немаше наши заминати преку океаните на печалба по патот на јагулите, кои не си ја виделе челадта оставена на мајките, еден ден и тие да појдат по патот на јагулите, по патот на нивните татковци.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сега сме оставени на цедило. Немаме наши машини, резервни делови.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тогаш крај нема нашиот очај, предоцна, пријателе.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се случуваше да стигнеме навреме, според прецизните Таткови проверки на возниот ред, а таму да го нема нашиот Балкан-експрес.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)