Ако самиот оштетен поднесе кривична пријава или стави предлог за остварување на имотноправно барање во кривичната постапка ќе се смета дека со тоа ставил предлог за гонење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Доколку, по правосилноста на одлуката за престанок на правното лице, забраната за работа или по заклучувањето на стечајната постапка истото е бришано од соодветниот регистар, а нема правен следбеник [кој би ги презел и би одговарал за долго- вите] – судот, со решение, ќе ја отфрли тужбата заради непостоење 261 на странка во спорот (чл. 203, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога оштетениот поднел кривична пријава или предлог за гонење, а во текот на постапката ќе се утврди дека станува збор за кривично дело за кое се гони по приватна тужба – пријавата, односно предлогот, ќе се смета како навремена приватна тужба ако е поднесена во рокот предвиден за приватна тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)