А денес, ако некој поминува по патот кој води покрај фабриката, зјаат искршените прозорци кои потсетуваат на многуте тажни работнички судбини – од кои некои, во моменти на очај, завршија и со самоубиство…
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работи само чуварската служба, која го чува празниот објект без луѓе, кој немо стои опустошен од [не]човечката алчност и негрижа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ги нема веќе хероите на работничката класа... А дали некогаш и ги имаше, кога се предадоа без борба?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Многу и е тешко, брате Даме! Нема веќе живот! - Така е... - рече Гоце.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Треба да се организираме, да се наоружаме - продолжи Даме Груев.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Нема веќе пророци, нема готови знаења, секој е самиот одговорен за она што го прави и што го сознава.(Ален Амиќ, АИМ ) избор и превод: Г. Н. Ом
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Европа што ослободува и Европа што цинично уништува.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Зошто брзаше, немаме веќе работа”, ќе ѝ речеше мајка ми, а Рашела, ќе се насмевнеше и ќе исчезнеше некаде во куќата да го докаже спротивното. Рашела брзо се сроди со нас.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Но, јас веќе имам решение.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Гита го испрашува гледајќи го во празните, сиви зеници, без и да отвори уста, го прашуваат очите на неговите сопствени деца, очите на луѓето што едвај ги среќава низ испразнетите гета, погледите на оние 43 илјади луѓе што заминаа со писокот и чадот на локомотивите и што ги нема веќе, а тој, ете, ги гледа секаде наоколу.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На лицето го немаше веќе оној блажен занесен изглед. Беше бледа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Тоа нема да се прифати. Нема веќе пазарење.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Постелата му мириса на излачениот страв.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили... Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ни трага немаше веќе кај него од преѓешната жалба. Тој се вживуваше во љубима тема.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Завртеа до станица. Таму немаше веќе никој, само двајца парталави сечачи седеа во пустата чекална, загрижени и ќутливи, а наземи дисаѓите нивни се проѕеваа отчаено.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но, ако тргнам да ги реализирам овие „технолошки комплицирани” концепти, богами ќе требаат пари. Што мислиш за заедничката креација, по искуството со Зеро, и во светлината на ова што велиш, „го нема веќе она дружење од осумдесетите во градов”?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Нема повеќе примарни сцени, туку родителски сојузи; нема веќе потиснување на сексуалните желби кон родителите, туку детето ги „поништува” своите едиповски копнежи.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Така е можно дека во иднината сопственото тело интертекстуално и бесконечно ќе го рекомбинираме, што значи дека нема веќе да биде заробено во својата „конечна” функција, туку ќе биде по желба заменливо или компатибилно со други тела или со нивни делови - зачувувајќи ја сопствената свест - а сѐ ќе биде во служба на барањата на интересите на половата наслада.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Го нема веќе ни германското врескање, ни нивното заканување, ни кантите со бензин приготвени сѐ наеднаш и подмолно да збришат и голтнат.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Либерте! Слободица мила! Нема веќе: Марко, не играј топка!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Е! Мишо! Ете а и Софија! Оттука понатамо нема веќе каде. Тука ќе врлиме коски.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се развиде убаво и кајмакамот се ослободи оти нема веќе да му куртулат комитите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ја немаше веќе онаа магла како мармелад што капе непрекинато, се истура во пејсажот...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Сум влечел такви кои биле толку смешни, што немале веќе ни форма, ни облик ни вкус...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Кога ќе можеме некој ден во холограм оваа маса исто така густо да ја расчлениме на елементи, тогаш нашите сетила нема веќе да бидат способни да ги разликуваат едната и другата.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Не можеме повеќе да бидеме субјекти, зашто нема веќе објекти на коишто би им биле субјекти, и нема веќе цврсто јадро, што би можело да биде субјект на некој објект.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Колку прекрасен ден. Нема веќе никакви проблеми во мојот ебан живот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ипак, жалам шо ја нема веќе баба Ванѓа меѓу живите па да можам да тркнам до суседна Бугарија и да ми дае 100 процентна судбинска анализа и у кој период да го вадам следниот албум.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ако направам холограм на масава и честичките во холограмот ги распределам со истата густина со која се распределени во масата, бидејќи знам дека и масава е еден компјутиран збир од точки исто како и холограмот - ако значи со своите сетила или сознание не можам да ја утврдам разликата помеѓу холограмот на масава и самата маса, тогаш нема веќе никаква смисла да се каже дека холограмот е симулација на масата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Скот: Нема веќе ни пијалок. Ни капка виски.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Скот: Немаме веќе храна, малку, речиси ништо, муниција, нема веќе пијалок, водата ни ја укинаа, полицијата нѐ обиколи, можностите за бекство се никакви, Американката ни скина на раце - а полицијата тоа ќе го на мириса доколку лешот не го прошетаме пред прозорецот, да го прикажеме на балконот...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Погледот ѝ се промени, стана жив; го немаше веќе оној презир од пред малку, и таа рече: „Каква е таа точка?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сите видовме дека Филозофот е поразен, дека нема веќе што да каже.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Малку, додека се искачат на Ѓавато... се искачија ли, ете го каде е Битола и нема веќе снег до Солун.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
-Ја најдов сенката и ја оставив на нивана, - им реков на црнците.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Го гледав како се радува, тој и сите црнци од селото и се плашев; ако не успеам да ја вратам лапнатата сенка, Карамба-Барамба нема веќе да живее.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- Нема веќе што да говориме. Плукна во дланките и замавна.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И Сулејман, којшто го продал имањето сето, гонет од младиот порив; за сабја дамасклија немаше веќе на светот она што не би го сторил...
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Современиот, главнотековен геј-идентитет, како што видовме, сака и да си ја одрекува различноста, да ја поднамали општествената забележителност, да си ја ублажи настраноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но кампот го прави токму спротивното: сиот е претераност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За разлика од кампот, кој не остава можност за дистанција и за деидентификација, стрејтерската хипстерска иронија е истовремено и сатирична и апатична; таа сигнализира и отсеченост од „автентичните“ културни облици и естетски практики што хипстерството ги фетишизира и извесно чувство на супериорност над нив – иако му се, на некој негов начин, мошне драги.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Штом ќе се послужите со Ritorna vincitor! за да си го испратите месниот одбојкарски тим, ви нема веќе криење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Победувајќи ја лакомоста што е причина за себичност, тој нема веќе потреба од жалба – продолжи старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Совладувајќи ја зависта што е услов за причинување на злобни дела, тој нема веќе потреба да прави злосторства.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Победувајќи ја тромоста што условува губење на ентузијазам, тој нема веќе потреба од самообвинување: неговата самопочит се зголемува.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Совладувајќи ја желбата што предизвикува страдање, тој нема веќе причини за страдање.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Победувајќи ја болеста што предизвикува огорченост, тој нема веќе потреба од самосожалување.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Откако неа ќе ја откриеш, за тебе ќе нема веќе тајни.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Победувајќи го самољубието што произведува фалба, тој нема веќе да потреба од обвинување.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Нема веќе време за одложување импровизации, за „ќе биде“.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Мислев дека и татко ми нема веќе никогаш да можам да го сакам онака како порано.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Но и тогаш една од причините за полудување доаѓа од Бога – во времето на ренесансата лудилото е сфатено како последица на три основни грева: лудило на вообразбата, кога човек верува дека е некој, или нешто, што реално не е; лудило како Божја казна; лудило како последица на огромна страст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога во Европа започнува епохата на рационализмот, лудите нема веќе да бидат гледани само како грешници кои паднале под власт на демонските сили, туку и како опасни суштества, или суштества кои не можат да придонесат во општеството и со своето постоење го попречуваат неговото функционирање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И така имињата: Србин, Бугарин и Грк си ја ислужија својата служба во Македонија и за низ таму нема веќе место.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога се врати сличен на живо стебло со испреплетени ветки, го разгоре огнот и го помоли бедниот Герасим од Побожјане, домазет во нашето село, да раскажува за старите времиња: минал многу свет, го знае минатото. И рече дека нема веќе спиење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа останал само еден Онисифор, првиот, и останале помалку од половина; немало веќе зошто да се делат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го слушнав треварот Никола Влашки: „Луѓе, донесете зејтин. Побрзајте, скржавци. Круме е сиот во пликови.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мустаќите му беа машки кренати, одвоени од горната усна, на рамениците можеше да му се постави темел за манастирче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со воздишка ја занишал матарката доближувајќи ја до необично малата школка на увото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Застуденуваше. Сепак еден од помладите, Куно Бунгар, отиде по дрвја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уште кога луѓето кришум се определувале за едниот или за другиот Онисифор, за Проказник со лузна на лицето или за веќе покојниот Мечкојад, можело да се случи да се пресметуваат дури и на спиење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ повеќе личел на човек дробен и боден од копита и многучепорести рогови на елен за време на неговото рикање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го слушнав и Цуцул Мицковски: „Тој нема веќе ни коса ни брада.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Си биле еден цар и една царица и немале веќе четириесет и три дечиња, и не останале заедно оние триесет и деветмина синови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На стутканото лице немало веќе ни очи, ни усни, ни ноздри.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во лимениот сад завиткан во маслинеста чоја немало веќе ни капка вино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Немаше веќе ништо друго. И тој сега и размислуваше така за оние двајца луѓе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го немаше веќе ни оној професионален јаз меѓу доктор и пациент.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја нема веќе онаа војничка строгост, омекна како сунѓер.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Немаше веќе солзи. Се исцедија до последната капка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во градот нема веќе место за него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Ја запознав својата глупост и немам веќе своја работа да свршувам! Дланката на Глигор падна врз челото на Арсо. - Гориш.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Арсо дигна рака на него и нема веќе смирување.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Е нема веќе саглам врска, да се пофалиш!“ - вели мојата сосетка мислејќи при тоа дека во тој куп не спаѓа нејзината, која е од оние што траат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Нема потреба тета Роска, нема веќе потреба од договори“, се поплукуваа и чукаа во дрво.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А нашата кралица, што на работа ни правеше „штимунг“ (ете, пак германски збор), играше со другарките и марамчињата порабени со парички, весела и насмеана и преубава; нема веќе да нѐ собира пред дуќан, варејќи ни кафе секое утро.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Детето тој час познало измамата си, ама немало веќе шчо да чинит: житото било растоарено - сакало, нејќело, останало да сомелит брашното.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- му пресекол зборот детето, - знам: татко ми кажвеше, оту во тоа време, кога еднош поминвеле по неја царските камили, тоарени со хазна, како по мост, тој се скрил н'тре во крастајцата и кога поминвеле камилите, се растресол еднош, мостот се разнишал и камилите паднале во јазов, та се удајле.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Татко ми шчо да чинит, за да ја најт пчелата?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ќе се руши фронтот, вели, нема веќе кој да се бори.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Немаше веќе пазарџии од градот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори,
небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му
излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа
памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка
нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле
чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти
после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе
си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема
веќе што да ми земе, може само животот или калта од
под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до
ножот од брат ми...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зар нема веќе да ме поризаш, зар вечно ќе ми бидеш лута?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кутрата Надењка нема веќе каде да ги слуша оние зборови, а нема ни кој да ѝ ги кажува, зашто ветрот не се слуша веќе, а јас се подготвувам да заминам за Петербург – на подолго време, можеби и засекогаш.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сè уште е прилично студено, на ѓубриштето уште има снег, дрвјата се мртви, но веќе се чувствува здивот на пролетта и, подготвувајќи се за починок, гавраните шумно гракаат: Јас се доближувам до оградата и долго гледам низ една пукнатина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Куќата ни е срушена, немаме веќе ништо, не знаеме каде нѐ водат, толку нѐ тепаа и нè бомбардираа што ни се чини дека сите го изгубивме разумот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Така. Нема веќе хаос. Нема веќе мрак.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
“ „Таму нема веќе сламарници.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Некои, од последните живи сведоци на Републиката од илјада деветстотини и третата, биле, и нив ги нема веќе, поинаку ја знаеле прикаската.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А да читам не знам, нема веќе курс за неписмени како тогаш кога беше ти претседател на луѓето, на говедата, на се.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Го нема веќе русокосиот Ибраим Ибраим и не се знае каде се записите на Кара-Демир.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На селските јаболкници немаше веќе ни плод ни гасеници.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дури ни семејството нема веќе да ме сака.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Најтешка беше онаа кога себеси си реков: „Марсел, нема веќе сликање, најди си работа.”
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Исто така иако Гибсон беше и е често гледан со длабок сомнеж внатре во СФ заедницата, тоа немаше веќе важност: тој веќе не беше „само уште еден СФ писател”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но ако долго возовите не поминат поради поправање на пругата, таа немајќи веќе опасност, се опушта.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Од таа ноќ таа сосем се измени, стана сосем поинаква, немаше веќе змиски поглед, ами мек и кроток; го немаше она напнато лице од бес и незадоволство, ами отпуштено, женствено.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Замини со првиот есенски лист нека те нема веќе во душава да не правиш пустош во неа...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Немаше веќе никаква сила во себе, несреќникот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ги склопи очите и се пушти на коленици сфаќајќи дека за него нема веќе никаков почеток.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога се враќаа, браќата, потпрени еден на друг и необично молчаливи, беа жолти и збунети се додека не му рекоа: „Оче Симеоне, ние немаме веќе в џеб ни скршена пара.“ „Па скршете една“ , ги посоветува. „По половина на секого.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Доаѓаат ли дождови, нема веќе суша, вријат ли емоции, во поетовата душа?
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Ги нема веќе ни оние ситни бакшиш-пари, интерес за било што малку пософистицирано скоро и да не постои, како впрочем ни никулци од некаков културен пазар.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ја нема веќе старата англиска колонијална сила за и нас, како некогаш Индија, да нé извлече од ова зло (колку и тоа да го наплати).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
По некое време ќе се разбудеше и тогаш ни кажуваше: Некоја голема и матна река, јас на едно јаже полека преку реката одвај проаѓам и кога ќе стигнам тогаш ќе се разбудам и еден ден ќе паднам во реката и нема веќе да се разбудам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Но во мигот кога Шефот ми нареди да го свртам листот и тоа да го направам веднаш, (“нема веќе рокови, се е миг,” ми рече затворајќи ја вратата на кабинетот зад мене), јас бев збунет, молчев, немав збор за прашање.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тој сѐ уште настојува да си ја дополни својата архива со документи, а и со усна историја, како што вели самиот, но јас немам веќе волја да се среќавам со него, ни со некој друг, за пак да се враќам на почетокот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Срцево ми се кине, се мислам дека сонувам, но кога ќе погледнам лево-десно, па ќе се запрашам и одговорот е тој, те нема веќе.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
„Ќе ги оставам цигариве по операцијата, нема веќе пушење“ - ми рече ти.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
И да сакате, нема веќе да останам во вашиот дом.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Нема веќе да се залажува дека е поинаков од нив. Дека е некој друг...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ќе го нема веќе оној церемонијал што се приредуваше во време на ручеците.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кога најпосле и последната пара ја фрлив, кога виде дека нема веќе ништо во чантата, се згрчи, се фати за градите, офна и се струполи на подот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И немаше веќе волја ниту да работи, ниту да застанува крај прозрецот да гледа надвор, да го набљудува менувањето на времето, денот, и промените во природата, зашто чувствуваше дека сите тие промени сега се одвиваат во него: и разденувањето и стемнувањето, и наоблачувањето и разведрувањето и судирот и хаосот на ветровите, и талкањето на маглите.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Но во селото немаше веќе куче.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Нема да одигра со своите другарчиња на чаирот на сред село; нема веќе да ја види мајка си, татка си, брата си, сестра си Анѓа и добриот дедо Богдан.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Мислам дека нема веќе можност за повлекување, освен ако не сакаме да се помириме останувајќи некаде назад.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
По Велигден престануваат женските работи. Нема веќе везење ни ткаење.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нема веќе да а вида ни тета Доста, a ошче помалку дома да и ода и кора да и јада. Нема, нема! ...“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но токму тие звуци сега му го параа срцето при помисла дека тоа време нема веќе да се врати.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Не, не. Нема веќе јас неа да а гледам како шо а гледа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нема веќе да и кажуам задачите кај Старчевото плетче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе нема веќе кавги меѓу нивните семејства...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Китан го осудија на робија; издржа некоја година, но кога дојдоа Австријанците, ги отворија затворите и Китан се ослободи; за да не дојде до повторни караници и тепачки, Китан се тргна настрана и изгради куќа на лединката под каменоломот од Танаил; и немаше веќе расправија меѓу нивните семејства, сè додека не почнаа експлозиите...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Добро“, пристана. „Те разбирам. Нема веќе да го споменувам.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ги немаше веќе војничињата; тоа беше само растопено олово додека врз таа маса пливаа куп нејасни предмети.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Ништо не прашав. Реков дека нема веќе ракија. Да се простиме.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш ја дигна главата и со мирна решеност соопшти: „Сѐ е ова лага. Нема веќе да ви се покоруваме“.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
За мене нема веќе заминување, нема трет пат, тој е овде.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Нема веќе гној?“ „Не.“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Древниот град Ур во Месопотамија, првиот и најстар регистриран метрополис, го нема веќе на географските карти, но тој живее преку Епот за Гилгамеш, оној Гилгамеш кој ја бараше тревката на бесмртноста.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Сите деца излегоа на тебе, го колнеше кога знаеше дека нема веќе да излезе тој ден: ни едно не се врати; и ти беше таков - кога ќе излезеше, не знаеше за враќање.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
„Немам веќе раце“, рече не отворајќи ги очите. 21
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Немаше веќе тело. Сѐ замина.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Немаше веќе ни раце ни нозе, неговото тело, исто така, се менуваше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Така им рекол на своите деца. Нема веќе капење.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Немаше веќе никого по нашите скали, ниту во нашиот дуќан.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А паметот кога нема веќе мускули тоа ти е електрицитет без генератор!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој си остана Куртиал де Перер до крај, смелиот бранител на „многу полесните од воздухот”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Триумфираше со авторитет... Немаше веќе што да се расправа!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тоа му беше многу потребно...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Освен што беше пронаоѓач, автор, новинар, тој се качуваше често во балон...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој веќе мислеше на хелиумските!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тоа беше вистинска „сала за продажба”!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Почнував да се секирам, за моите четири партали и кондурите: Ако продолжеа со ваквото уништување немаше веќе граници, ни Господ Бог!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ами сега што ќе прави Зоки? Ги нема веќе колачињата!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Како ли се чувствуваат оние кои засекогаш ќе ја загубат надежта?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ако е точно тоа што го велиш, значи Евреите знаеле дека нема веќе да се вратат! Дека патот за назад им е пресечен!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А знаеш и самиот, дури и јаболкото кога ќе го раздвоиш нема веќе сила што ќе го состави.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ако речеш пак не, ме немаш веќе! Ножов во градиве! (Покажува како ќе се удри.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Леле, нож! Томче! Теодосе!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Кога Трајан го крена и го гушна, Маруш му рече: „Ете, внучко Трајане, го нема веќе Висара... Го нема веќе да го земаш и да го шеташ по езерото...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Немаше веќе што да се прави, па престанавме да одиме таму и почнавме да играме фудбал на ливадата со машките или пак да си играме ластик или народна на улица.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Потоа едно утро мајка ми ме прати да купам леб.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сега нема веќе езера, нема веќе мориња, нема спилести грбови, непроодни простори. Или само така изгледа!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
„Така ли се зборува со стар човек? Е, чувај Боже, нема веќе почит! Пропаѓа векот!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Секој ѕид и секој камен го престориле во молитва и писмо и сега коленичат пред нивниот најмлад Бог Молоховски пеејќи му: О, милостив боже за извесно време избери си друг народ зашто ние сме веќе изморени од смрти и трупови и немаме веќе молитви наш милостив боже за извесно време избери си друг народ!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
До топло мало тело,се стискам и се молам, да помогне светот, да помогне природата, еволуцијата и старата куртизана Европа, да нема веќе мака и тага за овој народ кој приказни слуша.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Никој веќе никого не слуша, никој никого не сака да служи. Нема веќе келнери.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Отсега сум хи-фи. Нема веќе заебавање. Сите надвор.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
БОЖО: Нема веќе чудии совлаѓања, драга моја, се е подла намера.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
КИРО: Не се познаваме. Немам веќе ништо со вас.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Нема веќе кој да те спаси. (Излегува пеејќи приспивна песна. Двајцата зографи гледаат по неа.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Изгинаа сите... го нема веќе водот... сега врвот е понизок за педа или две...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И со друг глас, како да не беше негов, Јани рече: - Изгинаа сите, го нема веќе водот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во гласот немаше веќе шеговитост. – Зошто сакаш да работиш?
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Затоа мораме да преминеме кон генетската неопходност, да се одвоиме себеси од нивното безгрижно лудило и отсега па натаму да ги контролираме како и останатите Божји суштества - во хармонија, братство, во нивната закана на животот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
А воедно кога почна да се чини дека може техниката со телевизијата и компјутерските мрежи да се погрижи сето знаење да дојде во секој дом, тогаш потрошувачката логика ја уништи културата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Зборот е тука, но во него нема никаква воспитна идеја, отвореност кон светот и грижа за душата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но ние нема веќе да зборуваме на овој суров јазик.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Откако занаетчиското посредување на енциклопедистите го заменија Џебните книги, видео касетите и банките на податоци, нема веќе материјални пречки за ширење на Просветеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Затоа ние, Божјите почитувачи, љубителите на мирот животот, забавата, мажи и жени, апелираме на Врховниот Суд на Универзумот, за уважување на нашите намери, за, во името на Власта на сите живи суштества кои сакаат да се развиваат на оваа планета, свечено да објави дека ние сме слободни и независни, ослободени од секаква Верност кон Владата на САД и кон сите влади контролирани од менопаузните, и дека имаме право да се групираме во групи на истомисленици, имаме полно право да живееме и да се движиме на земјата, да обезбедуваме храна со сопствени раце и умови на начин што ни се чини неприкосновен и свет за нас, и да ги правиме сите Акции и Работи што независен Слободен маж и Слободна жена можат да ги прават без да ги загрозуваат истите права на другите видови и групи. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 64
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Воздух немам веќе, се задушувам!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
- ја замолив, а себеси си реков: „Ех мој Ведане, да може од некоја страна да те види Абраш, како се пазариш со мајка ти, за жив нема веќе да те смета, а не за водач на банда.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Нема веќе собирања ни кај Нанчо, со одајчињата владееле некои непознати. Братучедот му ја кажа вистината.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ете, дојде да нема веќе чекање и да нема што да се чека.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И еден ден ќе ми речат: — Нема веќе телешко, Тимјановна, сега ќе јадеш коњско.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Да се јавиш сега на газдата и да му речеш дека нема веќе да работиш.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
За што, по ставањето на динамитот во темелите на Банката, немало веќе сила што би можела да ги спречи атентаторите неа да ја дигнат во воздух.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Таков случај нема веќе никогаш да ни се даде“ - со болка во душата повторувал К. Кирков82.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Почнав да ги жалам тие што немаат браќа и сестри, а најмногу ми беше жал за мене самата, го имам, а не е тука. Каква тага!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Моите тетки и мајка ми беа восхитени, а јас победнички горда: нема веќе да бидам единствената од нашето семејство која не видела срна во Маврово.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Си ветив себеси: кога ќе се врати нема веќе никогаш да го нервирам и ќе му бидам најдобрата и најпо-слушната сестра на светот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Нели мамо, нели најмила мамичке, нели нема веќе вистински да одиш пак во Индија? – одвај се воздржав да не се расплачам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Да знаеш, ако продолжиш, ќе станам и нема веќе да се дружиме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Секогаш ми е криво кога без мене тоа ќе се случи и кога ќе ми речат: „е па, Бреза, животните не доаѓаат во соба, треба малку да се излезе надвор од куќата и да се прошета”.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)