Ова е првото прасе што го испековме по толку години... - Немавте досега? - праша полковникот Жино.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И по сето гореречено ќе се најдат мнозина што ќе речат: Можеби вистина е дека ако немало досега македонска словенска народност, таа може да биде создадена од времето, особено од сегашните историски околности; вистина е оти Македонците по својот јазик не можат со право да бидат наречени ни Бугари ни Срби, ами се нешто одделно, т.е. претставуваат одделна етнографска единка, но пак – како ние сега можеме да се викаме Македонци и да создаваме одделна македонска народност, кога ние, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се викале Бугари?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не знам како може да се нарече тој миг... просветлување ли или инаку...таква сила и таква радост немало досега во тебе! молкна Перса.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)