нема (гл.) - никогаш (прил.)

Татко ми добро знаеше дека нема никогаш „назад” во социјализмот!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Немаше никогаш избрзување, ниту од едната, ниту од другата страна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Првин ќе биде тешко преку ноќ да се превоспитаат овие козари, козите нема никогаш да исчезнат од нивното сеќавање, но, на крајот сигурно ќе ја разберат вистината за комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не бре, не ве лажам јас, прво, навистина почувствував наслада кога ми светна дека увцата навикнати на: „Неко вози мотор, неко вози трактор, ја и моја мала мотокултиватор” или „Куче лаје, а ја мислим ти си, отишо си, сарму пробао ниси”, денот ќе го започнат со The Unforgiven и навистина нема никогаш да му го простат ова на шоферот, а богами и на себе си што порано не слегле од тој автобус.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа најдобро може да се почувствува по хотелите во кои нема никогаш слободни легла.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Извесен број од другарите во училиште цртаа многу подобро од мене и јас знаев дека нема никогаш да можам да ги стигнам, а уште помалку Бил Елдер или Џек Кирби. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Грот:Дали воопшто очекуваше „Симпсонови” да станат толку популарни? okno.mk | Margina #22 [1995] 123 !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А ако не тргнеш нема никогаш да знаеш дали има враќање.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На мнозина џабе им излегло тргнувањето, отшто не се вратиле.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Лели нема никогаш да ме вратиш во Мариово? — го запраша таа, држејќи му ја префрлената рака со нејзината и потиснувајки ја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не можеше да утврди дали беа тоа солзи радосници поради неговото враќање во животот, кај сиџилите, или беа солзи поради нешто друго, нешто што го знаеше само таа, иако немало никогаш тајни во заедничкиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Стануваше свесна дека, на врзопот со клучевите од напуштените куќи, крај Морето и крај Езерото, нема никогаш да им се надоврзат клучевите од нашата куќа крај реката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Поимите како екстатика, хистерија, самоволие, лудост, или дури кусогледоста (која понекогаш сериозно се наведувала како причина за деформациите на Греко) нема никогаш да бидат способни да ни објаснат зошто неговата слика Марија со детето Исус (сл. на стр. 129) просто е убава, па и ако е крајно некласична.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа е затоа што тие се подготвуваат за секоја точка како никој да нема никогаш да ја види, и од таму доаѓа и совршенството на тие точки кога се изведуваат пред публика, односно стремежот кон апсолутот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако мислев на тие приказни не ќе имаше потреба да се живеат нашите животи и да се создаваат нови приказни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку, кога веќе толку многу инсистирам на приказните, не мислев на оние што некогаш и негде животот ги напишал со помош на луѓе што ги немаме никогаш сретнато; не мислам ни на оние приказни што животот секој час ги создава користејќи притоа други личности и туѓи желби и спомени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секако предоцна, но сфатив дека оној што не е задоволен од она што го има, нема никогаш да биде задоволен ни со што би сакал да го има.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Некои од тие зраци се белези на лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Безброј луѓе се дел од секое од тие човекосоѕвездија; секој човек припаѓа на онолку човекосоѕвездија, од колку што зраци му е составена светлината; безброј луѓе се поврзани во секое човекосоѕвездие дури и кога не се познаваат, дури и кога нема никогаш да се видат: за да се биде дел од исто човекосоѕвездие не е важно со другите од тоа човекосоѕвездие да се биде близу и да се живее во исто време, туку да се носи, во својата нематеријална светлина, оној зрак што е карактеристика на човекосоѕвездието.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И неговиот живот, таков каков што му останал во сеќавањето, немаше никогаш веќе да биде ист, и тој немаше никогаш веќе да биде свој ако мораше да продолжи да постои без неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но сега, освестен сосема, сакам да ви кажам уште нешто: нема повторно да ве оставам, нема никогаш да ве напуштам!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Иван Иванович е премногу префинет човек и во пристоен разговор нема никогаш непристојно зборче да рече, дури ќе се навреди ако слушне.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Порано, се случуваше, ќе намине кај Иван Иванович.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие се сега, едноставно, проектирани на влажната земја. Нема никогаш да се избришат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеше и со рака меѓу нив да поминеш и пак да не ги досегнеш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не, мајко, велеше Ѓувезија Дубровска, нема никогаш да ми се врати косата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Градбата нема никогаш да заврши, Ајфеловата кула ќе расте, ќе расте кон небото, надвишувајќи ги облаците, бурите, врвовите на Гаурисангар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, ние ќе бараме изговори, ќе успееме дури и да поставиме некој наш човек во Парламентот или во министерствата, ќе ја потсмириме работата, простиот свет ќе се помири со фактите, а ние ќе одиме сè повисоко и повисоко во небото, во величествен прогон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не ти се верува дека се случи. Си го враќаш загубеното, но си ветуваш дека нема никогаш веќе пак да се коцкаш. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Беа свесни дека нема никогаш да ги опфатат во нивната потрага сите османскотурски заемки, но до некаков компромис мораше да се дојде, ако не денес утре, задутре.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко продолжуваше да размислува за мистериите на јазикот, за неговите чудеса, за енигмата на неговото постоење, свесен дека нема никогаш да ја разбере.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но стануваше јасно дека со текот на времето Татко и Камилски ги напуштаа лингвистичките амбиции, па се префрлија на филозофското толкување на најкарактеристичните зборови, откривајќи ги во нив кодовите на заедничката меморија на балканските народи...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски по овој настан му се колнеше на Татко во сите книги од својата библиотека дека повеќе нема никогаш за непрочитана книга да вели дека ја прочитал.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа го смируваше својот Климент велејќи му дека тоа било само сон, кој поминал и нема никогаш да се врати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И то нема никогаш, никогаш да се случи. Затоа е тато уште појќе лут.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И нема никогаш да ме натераш да се мажам со конзуло! НИКОГАШ!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Според гласините од другата страна Бог и него не го поштедил и Шарон ќе падне во длабока кома од која нема никогаш да се пробуди!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да немав никогаш доволно време да ја разберам нивната среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Постои некаква имагинарна рамнотежа, некакво согласје, можна хармонија, меѓу законитостите во природата и социјалните законитости и историјата, кои најчесто ги доведува во прашање човекот со своето однесување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дојде времето, за жал тоа мораше да дојде и за Арафат, кога човекот кој во својата душа и врз своите плеќи ја чувствуваше сета тежина на големиот мит, на легендата, колку и да беше силен духот во својата алхемија, хемијата на телото имаше свои крајни граници, особено кога беше нагризено, тоа мораше еднаш да попушти, да се урне...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кој не го познал искушението да биде прв во државата нема да разбере ништо од политичката игра, од волјата да ги потчини другите за да ги направи објекти, нема никогаш да открие од кои елементи се состои уметноста на презирањето, ќе забележи Емил Сјоран.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За жал, се чини дека Шарон тоа и го сторил. Помошта се чини не изостанала!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И ние живеевме со митот дека Арафат нема никогаш да умре.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од нивните тела нема никогаш да излезе ниедно дете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И девојката со темна коса, девојката од Одделот за проза - ни таа нема никогаш да биде испарена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веруваше дека нема никогаш да ги запознае.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На Марија ѝ стануваше сè појасно дека Хелвиг нема никогаш да победи во немилосрдната борба со самиот себеси.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Детето нема никогаш да им го дадам...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа е како сме си распослале околу себе само неколку кога би купиле макетна работи што ги разбираме и со тоа се лажеме. железница, за да Одредени работи во ВР нема никогаш да заспиете покрај неа. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 99 бидат интересни, затоа што се вака достапни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Виртуелниот Мауи нема никогаш да биде совршена симулација.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако им дадеш можност и орудија, нема никогаш повеќе да се вратат на мрзливото вегетирање бадијала, што е карактеристично за генерацијата на нивните родители.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Во вестерн-филмовите јунакот доаѓа и заминува во просторот што треба да се освои и скроти... а не може и нема никогаш да се скроти и освои, бидејќи тој простор е безграничен!“ - ми рече еднаш дебармаалскиот сликар Илија.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
За себе, знам, колку и да фрлав парички во фонтата, немаше никогаш да се вратам!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сигурно знам дека многу настани, вистини од мајкиниот живот нема никогаш да ги дознаам, премолчани во нејзиниот јазик, мојот мајчин јазик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И нема никогаш да разбереш кои ќе бидат повиновни, нашите или туѓинците!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таткото Теки со насолзени очи ја прегрнуваше својата ќерка Ервехе која повеќе нема никогаш да ја види.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Силно и чудесно единство до кое луѓето сигурно нема никогаш да стигнат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тројцата пријатели во тивката ноќ, која сѐ повеќе длабеше и се чинеше дека нема никогаш да заврши, не сетија дека многу се оддалечија од јагулите, од темата за која беа собрани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како кум на крштевка што се одрекува од ѓаволот. Три пати.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ми ја плесна во фаца љубовта што ја немаше никогаш за мене.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Да се култивира нешто поетично од чудовишниот свет е залудно и во тоа нема никогаш да ја надминете вештината на Јелцин и на танк инцидентот на Белата куќа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нема да се поштедиш од изобилството знаци и емоции нема никогаш да сакаш помалку: причините се множат како инсекти.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И знаеше дека тоа што го откри сега нема никогаш да го заборави.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
“La mythologie blanche”, in Marges, 301. 5 Francis Bacon, “The great Instauration”, in The Philosophical Works of Francis Bacon, John M. Robertson (ed.) (London: Routledge, 1905), 243. 6 Christoph Martin Wieland, Gespräche unter vier Augen, in Sämtliche Werke, J. G. Gruber, (ed.), 50 vols. (Leipzig: Göschen, 1824-77), XLII, 127-8. 7 Spurs: Nietzsche’s Stules/Eperons: Les styles de Nietzsche, bilingual edition, trans. Barbara Harlow, (Chicago: Chicago University Press, 1978), 137. 8 A Treatise of Human Nature, Selby-Bigge, (ed.) (Oxford: Clarendon, 1967), xxiii. 9 Видете Richard Bernstein, “Serious Play: The Ethical-Political Horizon of Jacques Derrida”, The Journal of Speculative Philosophy 1 (1987): 93-117. 10 Матеј 5, 5; 19, 24. 11 Charles Taylor, The Ethics of Authenticity (Cambridge, Mass.: Harvard Universitu Press, 1992), 104. 12 Видете, на пример, Positions 56-7. 13 De la grammatologie, 62, 64. 14 De la grammatologie, 65-86. 15 Матеј 4. 16 Summa Theologiae II ii qu. 162 art. 5-8. 17 David Hume, A History of Ehgland, 6 vols. (Philadelphia: Claxton, Remen and Haffelfinger, 1876), VI, 374. 18 Подвлеченото е на Хјум. Enquiries concerning Human Understanding, Selby-Bigge, (ed.), 2nd edition (Oxford: Clarendon, 1902), 165. 19 La vérité en peinture, (Paris: Flammarion, 1978), 189. 20 Marges, 4. 21 Glas (Paris: Galilée, 1974). 22 ”Beantwortung der Frage: Was ist Aufklärung?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
_________ 1 видете, на пример, Christopher Norris, Deconstruction : Theory and Practice, revised edi- tion (London: Routledge, 1991), поглавја 1-3. Hugh J. Silverman, (ed.), Derrida and Decon­ struction (New York: Routledge, 1989). Rudolph Gasché, The Tain of the Mirror (Cambridge, Mass: Harvard University Press, 1986). Mark C. Taylor, (ed.), Deconstruction in Context (Chi- cago: University of Chicago Press, 1986). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 79 2 Deconstruction: Theory and Practice, 18. 3 Иако Дерида нема никогаш експлицитно кажано дека неговата алтернатива не е Западна, тој го имплицира тоа во постојаното асоцирање на Западот со логоцентризмот што тој го деконструира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неговата теорија не прави така остар и радикален прекин со традицијата како што понекогаш се прикажува, и Дерида е во голема мера дел од модернистичкото, христијанско, и Западно наследство од кое тој толку многу се гади.26 Превод: Ж. Трајаноски
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сетете се на искрите, моментите, сликите, спомените што ве обземаа со радост, сетете се на некои топли очи полни надеж, на некои меки усни полни разбирање, сетете се на едни прегратки кои ве чуваа цврсто до себе, на едно срце кое ве сака до небо и чека да се вратите за да ви ја покаже љубовта, таа бескрајна вселена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите некогаш чувствуваме тага и најлесно е да се откажеме од самите себе, но само ако за момент помислиме на магијата што се крие во секој нов сончев зрак, нема никогаш да ја посакаме смрта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Браво! Браво! - врескаше тетка ми од другата страна на жицата, - Паметно, умно дете!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во еден момент се исплашив дека нема никогаш да ми верува и дека сè ќе пропадне.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Можеби нема никогаш да се венчаме, ама срцава ќе ни останат споени и секоја година ова време ќе патуваме заедно.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Татко кој често и неочекувано се препушташе на фугите на егзилот, верувајќи дека во постојаниот бег се крие спасот на семејството, неретко одеше на железничката станица во Скопје да го проучува возниот ред на возовите кои го напуштаа Балканот, знаејќи дека нема никогаш да отпатува со ниту еден од нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сtаit bref, clair et simple. Pourvu que lаррliсаtiоn de ces dispositions soit aussi simple! Entre-temps comme vous me lаvеz aussi сrit, vous avez d aller Bucarest о, mаlgr ce que lоn raconte sur tous ces enfants аbаndоnnѕ dans les rues, et tous ces chiens errants, јеѕрrе que vous aurez fait dintrеѕѕаntеѕ et enrichissantes rencontres autour de vos livres. Hlnе Lejbowicz XXX Елен Лејбовиц од писмо во писмо не престануваше да ме предупредува дека пишувајќи ми, нема никогаш да ми зборува за себеси, а уште помалку за своите здравствени проблеми, кои ги нарекуваше бизарности.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имав впечаток дека таа излегуваше од светот на мојата балканска сага што си го беше утврдила како главен домен на својот интерес во нејзините писма, предизвикана од актуелноста и неизвесноста на настаните, за потоа повторно да се врати на моите текстови и да ми се придружи во мојата потрага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Вие сте наполно во право кога следејќи ги драматичните настани во Македонија велите дека човекот си е таков каков што си е, и нема никогаш да најде идеална земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие ме прашувате дали би можеле да ми го испратите ракописот на Балканскиот клуч по електронска пошта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Искрениот восхит што им го должам на вашите книги и дури ако таа е придружена со големо незнаење, и искрената симпатија што ја имам кон вашата земја (би требало да речам вашите земји) ме повлекоа кон една авантура, за што станувам свесна дури сега, во која нема никогаш да бидам на висината на улогата што би сакале вие да ми ја дадете.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тогаш беше познат како еден од најголемите француски есеисти, беше член на Француската академија, преведувач и претставувач на големите латино-американски писатели Борхес, Неруда, Астуријас, Кортезар, близок пријател на Сен-Џон Перс и Жорж Батај, но важеше и за голем истражувач на мистериозните предели на земјата, беше колекционер на ретки минерали и кристали.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Големите заблуди, се чини, секогаш доаѓале оттаму што во различни времиња, најголемите грешки се правеле во името токму на постоењето на новиот човек, натчовекот, неговото красење со незаслужени ореоли.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ветив да присуствувам на средбата со моите читатели во Шапоно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но таму сретнав луѓе со големо срце, кои нема никогаш да ги заборавам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Офицерски еполети на рамо немаше никогаш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сакав тогаш да пишувам, да обвинувам, но за голема­та болка нема никогаш утешни зборови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа сигурно нема никогаш да исчезне.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Ти нема никогаш да бидеш љубоморен?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ЖОЛТ КАРТОН
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нема никогаш да престане да патува и нема никогаш да се врати.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тебе нема да ти пречи и нема да те повредува, ако еден ден засакам некого, ако многу ми се допаѓа, ако.. – самата се вчудовидов од овие прашања и почнав да плачам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што зборуваш! – писнав, - каков пат и какво невраќање?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ниту шлаканица, а камоли повеќе, но во тој момент бев спремна на сè и немаше уста да отворам и да ме згазат, само да стигнам на сигурно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ете, тоа го сонував ноќта. И тој сон, исто како и таа ноќ, нема никогаш да ги заборавам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Моите ме немаат никогаш удрено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)