нема (гл.) - што (прил.)

Нема што, прекрасно јагне, рекле. И тргнале да си одат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Праша, ама камионот одел за блиску. Немаше што да се прави. Дури тргнаа, тој остана тука.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа само го молеше да му каже „на господин Стојчета” дека ѝ е многу жал заради случајот со јорганот, дека таа го моли за извинение, но самата немала што да прави, кога татко ѝ е толку лут на него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Во Зоолошка немаа што да јадат, но затоа сега јадат тртушки по медиумите - им возврати Метакот атакувајќи кон нивното сурушко дувло.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ние немаме што многу да настрадаме, но Дуковци, кутрите ќе видат беља. Уште и не дожнеале...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Храброста нема што да ја фалите вие.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Нема што да се прави, младичу“, милостиво и очигледно радувајќи му се на новиот забележа генералот, „Треба да се утешиме!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Јас, јас... јас од компликации и така наеднаш!“, проговори повторно младичот, „Мене Шулц уште вчера ми вели, вие, ми вели, имате компликации, а јас наутро и умрев. Ах!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ако фати цибрина, види, ако нема никаква надеж, иди си, нема што да седиш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Еј ти, дивинке проклета, ти реков дека немаш што да чекаш тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А по некое време, кога беа веќе зафатени во еден голем град и откако работеа доста за да можат да сетат што значи да се кажува копанката со вар и песок горе; на високото скеле на една раменица, откога можеа да сетат што значи и сѐ друго тука, старците често пати знаеја во слободните денови, или онака, делник ден, кога немаа што да прават во градилиштето, да ги пуштат сите нив да прошетаат по улиците на тој град, да го видат, да го рашетаат градот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога ветрот ја однесе со себе и долгата зимна ноќ и кога на нејзиното место ја истури виделината на тој немирен пребликнат ден, занесувајќи ги по својата насока тешките капки на капаците во неговата стреа, Змејко веќе немаше што да чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Доцна е за други пријатели, вели Јон, било речено, вели, непријателите да ми бидат пријтели, вели и збира плуканици, ама устата му е сува, нема што да подголтне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го скукали ракијата и нема што да ми прави. Не може.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И мажите и жените се пресоблекуваа во полутемнината без да водат сметка дека нешто може да им се види, го правеа тоа махинално, набрзина, жените сувите фустани прво врз глава а мокриот под него полека го смакнуваа и немаше што да се види, ама мажите не само што не се срамуваа, туку тоа го правеа и со некое задоволство, ако некоја сака да види нека види, ако не сака има раце, нека си ги стави на очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нема што! си вели Чана во себе, се свртува, се враќа во својот вагон.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во педесеттите години на ХХ век, откако Југославија се отвори и Сталин не се осмелуваше да ја врати во својата „братска заедница”, Татко немаше што да стравува за семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Трајче и мајка му останаа сами. Долго, долго време го жалеа, ама немаа што да прават.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Господи, кога сиот ваш пат до Костурницата ми прошета низ главата речиси ќе фркнев од болка, а потоа, онака малаксана и изморена и немав што друго да сторам па отидов до иконата и се прекрстив. Веројатно од благодарност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Ама имашлии луѓе!!! Нема што! Јок, јас со такви не се дружам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пролетерот, комунистот, новиот човек во квечерината на револуцијата нема што да загуби, освен ропските прангии.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Бабини, домаќинот е бериќет. Од Бога ни е пратен. Да не е тој, ќе немаме што да јадеме...“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Едно лајно сме, Љаке! Нема што, - присторе Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пресметала точно во седум да влезе в канцеларија. Совесен службеник. Нема што.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Откако стана, се зами и испуши една цигара, одеднаш сфати дека нема што да прави и му стана здодевно, а не можеше ни да помисли да се врати в постела да прелегне и да се обиде да презаспие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Немаш што да се срамиш“, ѝ рече Едо. „Ти и така веќе си во прикаската“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нема што: врзана сум, што се вели, порожена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Земаат само оние кои немаат што да ти дадат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ете, дојде да нема веќе чекање и да нема што да се чека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го гледам сега Ивана мој, а не знам што гледам, нема што да видам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе одиме, нема што.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Не си можела да го видиш, ми вели Манол Форевски, немало што да видиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Што мислите за Југославија? — Нема што да мислам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја наведнав главата, нема што да препрашувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Кажи! — Нема што да кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај нас се јаде и за денеска и за утре, велам, се јаде и за оние кои нема што да јадат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаеш ли колку беше часот кога отидовме?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што дека моите знаат дека сум кај Бреза, кога всушност не сум? – ја прекина Марија. – Да не мислиш дека сега спокојно седат и гајле немаат што ми се случува?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)