По се изгледа добро живеат и нема зашто да му се поплачат на кадијата, кој често седеше со нив на кафе и ги пиеше порачаните од нив кафиња. Co влегувањето и двајцата направија темане, а кадијата стана и ги покани на еден од миндерлаците, а сам седна на својот стол и почна разговор. – Знаете ли што ве повикав, аџи? – Да чуеме, кади баба – одговорија во еден глас двајцата. – Да чуете, да чуете.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Добрината кај Н. ја немаше зашто цел живот и таму на боиштата и во туѓото и тука беше само кодош. Нѐ кодошеше и добро му беше.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Јас го вадам паричникот, но мојата дама ги вметнува следниве зборови: - Сосема, ми вели, нема зашто да се расфрлуваш со пари.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А во задните редови јас ништо не гледам, од причина на слабите очи. Се извинувам, вели, што ве потсетив.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сонцето ќе им биде заедничка чинија плод, бедем ќе им бидеме ние, живите, а сенка тие и немаат зашто самите се светлина.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
„Не лути ми се, немаш зашто. Сакаш ли да се посмееме?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И тие немаа зашто да го држат својот фронт.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сепак ми се стори дека се подбива со првиот ден на мојата младост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)