носи (гл.) - некаков (зам.)

Тие внимателно слушаа едно постаро човече, кое на главата носеше некаква капа на поморски офицер.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Забележала дека носи некакви необични чевли... вели дека никогаш порано не видела никој да носи такви чевли. Значи, изгледало дека е странец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега Мехмед-паша ја преправаше Алаџа џамијата на Исхак-бег, но зарем тоа носеше некаква посебна слава?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така, тој живееше речиси во катови, цел ден носејќи некакви неприсутни слики в глава додека ги гледаше присутните, и предвидувајќи ги новите со точност што зачудуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Насмевката од тоа стануваше разјадена, носеше некаква бледа напнатост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На едно преноќиште насред џаде меѓу Драма и Кавала им се случи и една непријатна случка: Една разбојничка банда од типот на подоцнежните крџалии го нападнаа анот под претпоставка дека шест поштенски коли, чувани од толку сејмени, носат некакво царско азно (арач) собрано од битолскиот, јанинскиот и солунскиот вилает.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Зар во нивните големи чанти, проклет да бидам, носеа некакви книги, наука.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тие занишаа со главите намуртено и погледнаа кон оној што на раката и рамењата носеше некакви знаци.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Влегува Методи. Сиот уплашен. Во рацете носи некаква хартија.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Прозорските стакла во барот одвај ја издржуваа силата на пролетната трамонтана, но тој носеше некакви пижами од груб памук и селски сандали.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Она што во меѓувреме успеа да го дознае за тој крлеж, го дотепа: дваесет и две години, единец од богата фамилија, декоратор на излози по модерните дуќани, проследен со невнимателни озборувања за неговата бисексуалност и добро втемелениот углед на платен утешител на омажени госпоѓи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)