носи (гл.) - тој (зам.)

Да знаеја само што мислеше тој, умниот, што носеше тој во душата, што си шепотеше кога беше сам и кога до усмев вистинито му се чинеше дека една бела, кротка и трепетна рака му го допира рамото.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Истоветна лузна каква што носеше Тој на челото - ѝ изгреба и на секирата уверен дека лузните нанесени од честа не се грди, па продолжуваше сам низ планината листајќи ја како недочитана книга чиј јазик го разбираше само - Тој.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Некако ми дојде преку глава од сѐ, од сериозниот филм во кој бев влезена со факултетот, од сериозната облека која ја носев тој период.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Истрели! Кога човека го стрелаат од грб, тие убиваат со него и сѐ што носи тој во себе, од првиот ден на свеста до последниот чууен истрел.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Па и мислите на ибн Тајко да се ослободи од зависноста на еминот, го носеа тој несфатлив белег: ако избега одовде, ако ја промени средината, можеби во друга самиот тој ќе изгледа поинаку? - мислеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чудно, по радосниот, празничен ден, јужниот ветер, влагата што ја носеше тој, постојаното бучење на шумата, вселија во душата на момчето немир, нестрпливост, раздразливост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што носел тој досега, та сѐ сега му беше здраво?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Да знаете само колкумина ќе го носеа тој венец со задоволство!“ реков по малку вознемирен од острите засеци во моите размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Се разбира, можеби постојат исклучоци” додадов „но тоа се мали недоразбирања и хулигански пројави на неодмерени поединци, а тие поединци барем засега и не би требало да се сместуваат во оваа фела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)