Неговите страшни бранови носат миризба на некој со кого нема заебанција - не можеш да го засакаш, но мораш да му се восхитуваш.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Само да е убаво времето, па да се искачиме на Гола Глава, па овците да пасат околу нас, да треперат ѕвончињата, а небото да биде сино и мило, само некое орле да се гледа во височините, па да седиме и јас да ти ги покажувам далечните планини, Пирин се гледа оттука, и Рила се гледа на север, Беласица можеш да ја видиш, и сѐ се гледа, и од некаде ветре долетува и носи миризби од некоја далечна гора, од некој нестопен снег, па ти е мило, па ти се сака да ги рашириш рацете и да леташ...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога се искачуваше по вишината височината одејќи кон куќата каде што беше закажана средбата, чувствуваше како од Мраморното Море тивкиот ветер ја носеше миризбата на мимозите кои царуваа на островот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)