Веќе заборавив на неа, трчам колку што ме носат нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Денко, брзо! - свика и колку што го носеа нозете се стрча кон стубелот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Јас ќе се стресам: кај им ги носат нозете и рацете со кои се служеле дотогаш, господе?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Тебе, море човеку, - му рече таа, - како да не те носат нозете.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И тие бегаат колку што ги носат нозете. И уште побрзо. И пред своите нозе бегаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)