На мачките секој ден им носат јадења и вода.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Му носеа јадења и пиења и го храбреа да издржи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Иако неговите соседи го сметале за мрднат, таков некаков ти бил - молчалив и спечен, грст иловица со душа, му носеле јадење, некој чорба со зеленчук, некој пастрмка со грав.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Бошко заедно со Калија одеше на чомлек пазар по урда, и на балук пазар по сушена риба, се туркаше и во врвулицата пред фурна каде што целото маало носеше разни јадења за печење, од лебови до тави гурабии и татлии, ама заедно со чиракот од дуќанот на Марко, им носеше јадење и на Марко, и на самарџијата Димо, бидејќи мајка ѝ на Калија, како и свекрва ѝ, беа дамна починати, а таа прекриена чинија со цедило везден му ја грабаше на чиракот, и самиот, напрегнат, ја носеше истурена напред, како да носи цел товар леб и сирење, грав или јанија со јунешко која не смее да се плисне или, чувај боже, да се истури.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Татко беше болен од плевритис, некакво вирче вода му се набрало под ребрата и стражарите ме пуштаа да му носам јадење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Водат љубов за да им носат јадење.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сите се смееја... И јас се смеев.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ми беше срам да плачам. Па и не требаше да плачам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Јадење имаше: сите носеа јадење.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Многу дробни деца си оставил, вели Витомир, кој ќе им пригаѓа, кој ќе им носи јадење? 72
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)