носи (гл.) - мој (прид.)

VI Повеќе рани од Христоса носи мојов камен. Му ги покрив со моето име помалку да го печат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тогаш ѕвероглавите ме раскинаа. Еден го носеше мојот мозок, другиот со забите ги кршеше коските на вилиците, на вратните пршлени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Некој кој пред мене ја носел мојата душа...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
(Собата. Минут подоцна. Влегува Матеј, Американецот и Русинот.) МАТЕЈ: Ќе стане човек од тебе. Почна да носиш мои кошули. БОРИС: Сѐ мора да се проба.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Силни бранови почнаа да ме заплискуваат, да го носат моето бедно креветче, над мојата глава летаа изулавени птици.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Особено не со онаков вид податоци какви што ми ги носеа моите посетители.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Додека тие таму имаат коитус со разни, за нив туѓи персони, јас го носам мојот тросед на рамо и замислувам, во 90% од случаите, една иста личност со огромни цицки.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сакав да му подарам нешто, а ништо немав, и помислив да го откорнам џепчето од црвеното фустанче кое пред мене го носеа моите постари сестри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Многу ми е тешко што си заминуваш,“ реков, и почнав да го кинам џепчето од фустанчето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)