За да можам убаво да ја пикнам раката во дупката, морав да ја нурнам главата во вода.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Го фрлија народот во нерамна борба, сега ќе ги плаќа нивните грешки, ќе страда до страдање.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И пријдов на водата, ја нурнав главата во лонецот и почнав да пијам заедно со него.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Како да ја нурнал главата во вода: над него и околу него бучливо зашумела реката на возбудата влечејќи го кон еден свет од чие дно тој тогаш со внатрешен вид на изгубен волшебник го следел насилникот како се оддалечува јуначки валмосувајќи ги со два прста мустаќите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Земи каменот — столчи ни та главите прво нам овде, па после оди расправај се со Борисовци, Перевци, Петревци и Тренковци твои — му одговорија Иге и поп Пано во еден глас и ги нурнаа главите ничкум, небарем тие беа главните виновници за несреќата што ја постигна нивната Беловодица и сите други села во Македонија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Убивајќи го брчењето околу едното уво и бранејќи се од одговорот на предизвикувачкото Сакаш ли, Лозан Перуника ги стиснал со дланки ушите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)