Еве како точно гласи писмената изјава до македонските издавачи: До македонските издавачи: Ве молам да се придржувате на корекциите кои јас ги обележав во романите Мара, Ова е мојата татковина, Лавот од Јанина и Орелот и штркот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не можам а да не напишам и за уште една голема читателка, моја вистинска професорка по француски јазик и книжевност, која посебно ме обележа во животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И, се чини, ова блиско соочување со бранот на војната, уште пред да го оформи своето семејство, беше првото нејзино предвоено крштавање кое сигурно, засекогаш, ќе ја обележи во животот, особено во верувањето дека е родена за да си ги спаси своите чеда.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Од моето претходно епистоларно искуство со француските пријатели, кои ме обележаа во животот со нивната интелигентна добрина и храброст, можам да го издвојам долгогодишното допишување со францускиот поет Андре Френо, потоа со Робер Мале и со филозофот Едгар Морен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)