обиде (гл.) - во (предл.)

Подолу потписнициве велат: „Поради жалните резултати од таквото разделување на христијанското население во Македонија на разни групи непријателски настроени едни спрема други, ние уште пред издавањето на весникот „Балкански гласник“ се обидовме во вид на литературен клуб да основеме кружок што би имал за цел да ја обедини македонската интелигенција во Србија во едно цело, без разлика на убедувањата, и кој би се грижел за создавање единство на мислите сред македонското население.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таму, сам, само со едно врзопче зборови покрај мене, допрен врз нешто безоблично и штуро, ќе се обидев во голем мир и на времето и на крајот нов да им осмислам почеток и нова смисла - според душата како ќе ме поучува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сите театри во Албанија, нашиот, централниот во Тирана по­себ­но, ќе се обидат во зенитот на нивната уметничка моќ да му се оддолжат на великиот Сталин, за сите добрини што ѝ ги направи и ќе ѝ ги прави на нашата земја, на про­ле­та­ријатот од целиот свет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Доволен број од нас се враќаа со вести „од прва рака“ охрабрувајќи ги и другите да се обидат во истото - увод во масовното излегување на студентите на улиците во шеесеттите години.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Како телевизиски новинар - почетник се обидува во нив да препознае трпелив соговорник и добар табиет.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сомневања, немо смирување. Потоа здодевност. Луѓето се растурале полека.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доце Срменков воздивнал и се обидел во збунетоста да ја измазни со дланка крестата на темето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш, по таа чудна ноќ проведена крај заспаниот човек со уништен разум, се обидов во едно друштво да ја прераскажам одисејата на скитникот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Млазот личеше на мраморни коцки, складно поредени една крај друга. се обидов во секоја коцка да замислам по еден лик на многуте луѓе од мојот град, но не завршив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Технологијата, значи, ќе истапи како обединувач на светот и творец на новата цивилизација, па Кејџ се обидува во неа да го најде и спасителот на човештвото.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Размислував да се обидеме во бунарот да фрлиме храна за козите и за Чанга. Беше јасно на што целеше татко ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Капитализмот во темните работилници; фашизмот, со декрет на Мусолини во 1923 година, ќе се обиде во Италија да ги обесхрабри козарите наложувајќи зголемен данок за секоја коза...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја воведе во употреба играта “ламуш“, го поплочи плоштадот на пазарот и ја засади со брези улицата што води до јавните канцеларии; повторно се обиде во Глупов да воведе академија, но, откако доби отказ, изгради собирен дом.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ја раководеше кампањата против должниците, при што запали триесет и три села и со помош на таа мерка скина две и пол рубли од долгот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)