Некоја неуништлива внатрешна сила се обиде повторно да му ја оживее желбата, да му ја надомести празнината во него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Дерида го наслушнува медијниот аспект на глаголот - воскреснувајќи ја смислата на нешто кое е разединето или нарушено однатре - во самиот јазик - како спротиставено на нешто кои стои од страна и е одделено од другите, гледано однадвор - со “објективна” дистанца - и се обидува повторно да го впише тој аспект или загубен модус на дискурс во постојиот модус.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„А ова?,“ праша. На дланката држеше дрвен сувенир - гондола малечка колку палец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога дознаа од управата за какви бесмислици го користиме времето, дека тетратката во рацете само за маска ја држиме, веднаш беше забрането шетањето крај ѕидот, а секој оној што ќе се обидеше повторно да го мери беше најстрого казнуван.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ана се обиде повторно да нѐ врати на поделбата на предметите кои требаше да бидат спакувани, и оние кои требаше да бидат фрлени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Те молам Кире јас сакам деца! – се обиде повторно Невена.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се обиде повторно да заспие но постојано имаше чувство дека некој го демне.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)