Вториот е Крсте Чачански, чиишто раскази се како енигми, гатанки и ребуси, како македонски сфинги пред коишто остануваме често без точен одговор, но секогаш обземени од чувство дека нешто битно сме откриле и дека сме се облагородиле во еден миг во којшто се слеани во една целина носталгијата по далечното и задоволството во играта.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се прашувал: Како и зошто дојде до тоа стиховите да ја извршат својата мисија, да погалат, да облагородат во длабочината на фронтот, а не во близината на стиховниот источник, поточно во мојата најблиска близина?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)