— Теслим, бре ќерата! — извика чаушот од зад плоча и рипна напред да го налегнува Димитрија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Фрлија и тие бомба зад плочата и Димитрија се запрпелка во правот, но остана сиот облеан во крв по лицето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се наоѓаше во Златната земја, или седеше меѓу огромни, славни урнатини облеани во сонце, со мајка му, со Џулија, со О'Брајан - не правеше ништо, едноставно седеше на сонцето, и разговараше за спокојни работи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Вујко Аргире! Вујко Аргире! - повторуваше немоќно Веле целиот облеан во солзи...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не измина ни шест часа од разговорот со татко му, а тој пројури на својот облеан во пот и пена коњ низ Челница, главниот влез на старата охридска тврдина.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Целиот облеан во пот и зазбиван од долгото и напорно одење, Цепенко дојде до една извишена копа сено и се подзапре да земе здив.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
До мене на креветот седеше Ема и со шамивче ми ја бришеше потта од челото.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Те сакам ваков,” ми рече. „Те сакам облеан во студена пот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Никогаш не можев да помислам дека ќе те видам ваков, слаб и немоќен.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Ема…! Ема…!” крикнав и се разбудив облеан во пот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Викајќи, ќе премалеше и повторно ќе заспиеше или ќе останеше буден до зората, без глас, облеан во пот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Огромно торжество ме снајде кога ја примив веста дека во Битола, на спектакуларниот Широк Сокак, јас ќе заблескам облеан во бронза.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Имаше ноќи кога Висар често ја сонуваше бесмртната вода; сонуваше, како слегува во езерото да ја бара: поземаше воздух колку што можеше, скокаше од чамецот и се спушташе кон дното, но воздухот бргу му се трошеше и тој повторно се враќаше назад; Трајан му го пушташе веслото, му подаваше рака да се фати за чамецот, да се одмори, и потоа, земајќи повторно воздух, се спушташе сè подлабоко и подлабоко; не можејќи да слезе до дното, се разбудуваше сиот облеан во пот; погледнуваше кон прозорецот, кон месечината што блескаше, а во главата му одѕвонуваа зборовите на братучед му Трајан: каква бесмртна вода...! Глупости се тоа...!
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Каде што ќе не однесат средозимскиве ветеришта! – Одговори задоволно Дедо Мраз пред кого, Добре, најдобриот човек на светот, го подзабришуваше жешкото лице облеано во солзи – радосници – Каде и да одиме, ќе ве распродадам како алва на гладни сумустраци!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Но, додека ја затворам чантата и мавтам да ми ја донесат бундата, а сето семејство се збрало, таткото, подмириснувајќи ја чашата рум што ја држи в рака, а мајката најверојатно разочарана – па што, всушност, очекуваат овие луѓе од мене? – сета облеана во солзи си ги гризе усните, а сестрата мавта со шамичето натопено со многу крв, јас сум некако подготвен, под извесни околности, да признаам дека младичот, можеби, е сепак болен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Така е оддалеку. Одблизу се покажува уште една тешкотија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)