Навистина, кога ќе се појавиш ти топлината доаѓа, навистина, кога во очи те гледам светлината ми приоѓа, вистина е сликата пред очи која не исчезнува, доброто го чувствувам, другиот темен крај засекогаш што вознемирува избледува, зрак на нежност ме облива сине мој, во прегратки се насмевнуваш, засекогаш тука затреперуваш, косите ги милуваш, ти живот мој си и вечна вистина, за напредок мој инспирација и причина, патник од мојот почеток до крај, иако се уште не знаеш, навистина.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)