Тоа објаснува зошто во неа стануваш ко фетус.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Но мислата го свртува на друго: Сотка ѝ е внуче на Спасија, близок род се, како ќе му објаснува зошто му е нужна сликата, нели секоја лага ќе биде плитка и жалосна, и тој само ќе се изложи на подбив пред него, ако не и на опасност да разбере прва жена му за сето тоа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И секој од нив на свој начин му ги објаснуваше кривовштините што ги прави државата (некои тоа го нарекуваа ненародниот систем) и му објаснуваа зошто народот е сиромашен, ненајаден и лошо облечен и дека сите треба да бидат еднакви, сите да имаат работа и плата, а не така како што е сега - ти работи, а некој друг да се богати и богато да живее.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но кога веќе објаснувам зошто го препознав пред малку Даскалов не е за отфрлање ни мојата упатеност дека од оние што слегнуваат пеш откај Сина Скала и рударското гратче малкумина го избираат овој пат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ете, тоа објаснува зошто на кампот му е работа да го спушта секого, особено секого чиј стремеж кон гламурозност може да ги угнетува неговите другари што немале толку среќа, како што е самиот камп.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Пред влезната врата го стресува снегот од себе и влегува во одајчето со променето лице, најдувајќи ја мајка Перса задремена крај малечката Пелагија. Ѝ се извини на мајка Перса што се задржале толку многу, ѝ рече дека е многу уморена и дека каснала со Чана кај Танаско и сега не е гладна, туку дека е гладна само за сон, па така не мораше да објаснува зошто се врати со стемнето лице.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
„Сега ние во Америка за анималс се грижиме како за луѓе“, велеше објаснувајќи зошто го храни смокот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Знам дека не може да се мери ужасот на срамот со ужасот на губитокот,“ пишуваше, „но срамот мене секако би ме убил, а и на детето кое би го родила не би можела да му овозможам вистински живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го зедов писмото – во него објаснуваше зошто го сторила она што го сторила: се вљубила во оженет офицер, останала трудна од него, тој ѝ рекол дека нема да се венча со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)