Напротив, тоа е попрво зашто конкретните стереотипи што мислел дека ги застапува мојот предмет, ете, случајно беа во споротивност со гордата и „позитивна“ слика на мажественост и достоинственост што тој ја имал за себе.
Ете на што мислел Џон кога рекол дека стереотипите даваат „искривен впечаток за геј-мажите во Америка“: тие не разграничуваат помеѓу сексуалноста и родот, не ја разграничуваат машката хомосексуалност од женственоста, не го признаваат постоењето на геј-мажи што се однесуваат и изгледаат стрејт, не ги издвојуваат тие мажи од нивните деградирани, женствени собраќа и не им ја овозможуваат општествената угледност на која полагаат право со својот многупофален родов дострел.
До такво признание, всушност, тешко се доаѓа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-идентитетската етикета ми овозможува општествено да се претставувам без да посегнувам по погрден и на друг начин загаден психолошки, теолошки, криминолошки, социолошки, сексолошки, медицински и морален јазик („первертит“, „содомит“, „сексуален зависник“, „психопат“, „хомосексуалец“).
Ни самиот, признавам, не бев отсекогаш голем љубител на поимот „геј“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)